За сите сладокусци: Рецепт за посно тирамису

За сите сладокусци: Рецепт за посно тирамису

Сигурни сме дека ви е добро познат вкусот на колачот тирамису, но дали знаевте дека може да направи и во посна/веганска варијанта? Без кравјо млеко и јајца можете да направите подеднакво вкусен десерт кој ќе ги воодушеви сите. Една од најдобрите работи за овој рецепт е тоа што доминираат вкусовите на какао и кафе.

За сите сладокусци: Рецепт за посно тирамису

Потребни состојки:

Замена за бисквити:

  • 2 лажици овесни снегулки
  • 2 лажици овесно брашно
  • 1 лажица какао прав
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 100 мл црно или инстант кафе
  • 1 лажица јаворов сируп

За филот:

  • 200 гр јогурт од соја
  • 1 лажица јаворов сируп
  • какао во прав

Начин на подготовка:

1. Сите состојки кои се замена за бисквитите ставете ги во сад за печење. Добро промешајте па печете околу 15 минути на 180 степени.

2. Во меѓувреме изматете го јогуртот со јаворовиот сируп и медот.

3. Рамномерно распоредете го филот врз останатите состојки. Низ цедалка сипете го рамномерно какаото. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот рецепт за посно тирамису, можеби ќе сакате да прочитате и рецепти за посни торти што не се печат.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар