Какви промени ќе ни донесе затемнувањето на Сонцето на 4 декември?

Какви промени ќе ни донесе затемнувањето на Сонцето на 4 декември?

Целосното затемнување на Сонцето за време на млада Месечина е еден од најмоќните моменти оваа година од астролошки аспект. Ќе ни помогне да дојдеме до посакуваната дестинација, а можеби и до целта за која напорно работевме. Може да очекувате пресврт на настаните, а нова, неочекувана енергија ќе ви даде поттик да дејствувате. Верувајте во вашиот инстинкт. На повидок се големи промени, а најмногу ќе ги почувствуваат оние кои се родени во знакот на Стрелец, Риби, Близнаци и Девица.

Какви промени ќе ни донесе затемнувањето на Сонцето на 4 декември?

Затемнувањето на Сонцето е феномен кога Месечината поминува помеѓу Земјата и Сонцето и целосно или делумно го блокира Сонцето. Ова е значаен феномен бидејќи има тенденција да ни ги смени и трансформира животите, овозможувајќи ни притоа да зачекориме во ново поглавје од еволуцијата на нашата душа. На затемнувањето што ќе настапи на 4-ти декември можеме да гледаме како последен чекор од патот што го изодевме за да постигнеме некаква цел, ја отвора последната врата и може да ни донесе награда за нашиот напор. Кога ќе стигнеме до крајот на патот, многу нешта ќе ни станат појасни, па така ќе се почувствуваме како да отвораме ново поглавје во нашиот живот.

Нашите предци сметале дека затемнувањето на Сонцето носи големи промени. Темнината што се појавувала во текот на денот се сметала за знак дека е дојден моментот да се наплатат кармичките долгови.

Иако затемнувањето на Сонцето е кулминација од сета наша енергија од почетокот на циклусот на затемнување, ние можеме да го искористиме овој период и да си поставиме нови цели што сакаме да ги оствариме и нови нешта што сакаме да привлечеме. Како што лека-полека пристигнуваме до нашите цели, важно е да одвоиме време за да бидеме благодарни за сите можности што ни биле укажани како и за напредокот што сме го постигнале.

За време на ова затемнување, ќе бидат активни Меркур и Нептун, а тоа значи дека можеби ќе дојдеме до нови информации. Сепак, да не го занемариме инстинктот без разлика на новите сознанија што ќе ги добиеме. Нептун ќе бара од нас да се ослободиме од сите пет сетила и наместо тоа да се препуштиме на моќта и мудроста на нашето шесто сетило бидејќи таму ќе ја најдеме нашата вистина.
Астероидот Хирон, познат уште како „Исцелител на рани“ ќе биде активен во следниот период, па можеби и ќе ни помогне да ги залечиме нашите рани како и да подобриме некои нарушени односи преку разговор. Ако има некој со кој треба да разговарате, знајте дека затемнувањето на Сонцето ќе ви ја прати потребната поддршка. Размислете за она што сакате да го кажете и отстапете им место на љубовта, добрината и вистината. Имајте предвид дека понекогаш е добро да водиме разговор со самите себе, било со зборување, било со пишување. Без оглед на разговорите и насоката во која можат да ве одведат, не заборавајте да бидете нежни и да се сакате себеси.

Овој период најдобро би било да не ги форсираме нештата затоа што затемнувањето само по себе како феномен има тенденција да нè води онаму каде што треба да одиме. Треба да му веруваме на овој процес, да им веруваме на нашите инстинкти и да не паднеме во искушение да ги присилуваме работите.

Доаѓаат нови можности, а нам ни преостанува да ги дочекаме со ширум отворени раце!

Откако прочитавте какви промени ќе ни донесе затемнувањето на Сонцето на 4 декември, ви препорачуваме да прочитате и кои 5 хороскопски знаци ќе бидат најсреќни во декември.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар