„Чизкејк“ без сирење: Рецепт за торта полна со протеини што не се пече

Сподели

Оваа торта се прави со јаткасти плодови, многу е вкусна и ќе ве засити.

Реклама

rn

Потребни состојки:

rnЗа основата:

100 грама бадеми

100 грама ореви

175 грама меки урми без семки

¼ лажици сол

За филот:

450 грама индиски ореви

200 мл крем од кокос

100 мл јаворов сируп

70 мл кокосово масло (стопено)

2 лимети

1 лимон

1 лажица екстракт од ванилаrn

Начин на подготовка:

rn1. Натопете ги индиските ореви во вода ноќта пред подготовката на тортата, или барем неколку часа порано за да ги омекнете.

Ако немате толку многу време, можете да ги прелиете индиските ореви со топла вода и да ги оставите да отстојат околу еден час.

2. Во блендер направете ја основата за тортата од бадеми, ореви, меки урми и сол.

3. Со прстите притиснете ја лепливата смеса во мал калап за торта и ставете ја во фрижидер.

4. Во блендер подгответе го филот од омекнатите индиски ореви што сте ги исцедиле од водата, кокосовиот крем, јаворовиот сируп, стопеното кокосово масло, сокот од двете лимети, сокот од лимон и екстрактот од ванила.

5. Мешајте ја смесата додека не се изедначи. Ако смесата е кисела, додајте уште малку јаворов сируп.

6. Подготвената смеса нанесете ја врз основата. Ставете го колачот да стои во фрижидер пет до шест часа пред да го послужите.

Погледнете како да направите совршени чизкејк палачинки.

Популарно

Може ќе ве интересира