Велигденска торта: Лесна за подготовка, без печење
Многу вкусна торта идеална за празнични пригоди.
Потребни состојки:
- 150 грама мелени бисквити
- 100 грама мелени ореви
- 100 грама растопен путер
- 100 грама суво грозје потопено во рум
- 100 грама желе бонбони
- 2 лажици млеко или сок
- 200 мл слатка павлака
- 100 грама кисела павлака
- 1 ќесичка желатин
- ореви или чоколадо за декорирање
- 500 грама јагоди или друго овошје (малини, капини, банани)
Начин на подготовка:
Ставете ги мелените бисквити во сад, додајте ги оревите, сувото грозје и исечканите желе бонбони. Додајте ги растопениот путер и 2 лажици сок или млеко. Мешајте ја смесата додека не се соедини. Турете ја смесата во плех и притиснете ја со лажица до дното за да ја израмните.
Оставете ја смесата да стои во замрзнувач 30 минути. Во меѓувреме, изматете ги слатката и киселата павлака. Стопете го желатинот како што пишува во упатството за употреба и полека додајте го шлагот. Внимавајте да не ја изматите киселата павлака премногу и да се направат грутки. Наредете половина сантиметар шлаг на смесата од замрзнувачот и потоа наредете јагоди. Додајте го остатокот од шлагот и израмнете. Одозгора ставете чоколадна глазура или мелени ореви. Оставете ја тортата да отстои во фрижидер преку ноќ.
Напомена: Не е потребно да додавате шеќер.
Погледнете го овој рецепт за „зебра“ палачинки.