Во овие хороскопски комбинации се раѓаат најубавите бебиња
Астролошки гледано, постојат компатибилни, некомпатибилни и идеални парови. Последните живеат во совршена хармонија и ако создадат семејство, нивните деца ќе бидат прекрасни. Астролозите велат дека на изгледот и на шармот на бебето може да влијаат не само генетиката и воспитувањето, туку и хороскопскиот знак во кој се родени неговите родители. Според хороскопот, овие три парови ги имаат најубавите деца.
Жена Лав и маж Водолија
Комбинацијата на елементите оган и воздух е единствена сама по себе. Ваквите комбинации се секогаш невообичаени: силните Лавови се добра комбинација со енергијата и мудроста на Водолијата. Заедно, тие се способни за големи работи. Овие партнери меѓусебно се надополнуваат, се поддржуваат и им ги пренесуваат своите најдобри квалитети на своите деца.
Бебињата родени во пар од Лав и Водолија се дружељубиви и активни и лесно наоѓаат заеднички јазик со своите врсници и со возрасните. Тие ги апсорбираат најдобрите квалитети на своите родители, што ги прави едноставно неодоливи. На нивниот шарм не може да му се одолее, тие се родени да бидат ѕвезди и омилени во секое друштво.
Жена Бик и маж Рак
Со Биковите управува Венера, тие се романтични, практични и „домашни типови“. Жените Бикови се прекрасни мајки и се подготвени буквално на сè поради своите деца. Мажите Ракови се многу грижливи и се одлични татковци. Нивниот спој ќе биде силен и хармоничен бидејќи двајцата се многу чувствителни на меѓусебните потреби и го чувствуваат расположението на својот партнер.
Нивните деца ќе бидат исто така чувствителни и сочувствителни. Тие често се многу привлечни, нивната внатрешна убавина се рефлектира во нивниот изглед. Од рана возраст, нивните родители им всадуваат семејни вредности и ги учат да ги почитуваат другите. Мајките Бикови се прилично тврдоглави и тие се оние кои ги учат децата како да се залагаат за себе, но во исто време да бидат искрени и љубезни.
Жена Девица и маж Риби
Овие се најемотивните хороскопски знаци и тие често имаат тенденција да ги кријат своите вистински чувства. Комбинацијата на практичност и фантазиеање на оваа двојка е причината зошто нивните деца растат во семејна атмосфера која е нежна, ведра и искрена.
Нивните деца се многу паметни, љубезни, почитувани. Тие ја знаат вредноста на вистинските чувства и понекогаш се малку срамежливи, што само им додава дополнителен шарм. Таквите деца се мирни, разумни и мудри и ќе ги задржат тие квалитети дури и кога ќе пораснат.
Прочитајте кога е најдобро време да имате бебе.