Седумгодишно девојче плаче камени солзи

Седумгодишно девојче плаче камени солзи

Индиските доктори веќе со денови се обидуваат да откријат зошто седумгодишното девојче Kura Nitya, кое живее во село во близина на Хајдерабад, главниот град на индиската сојузна држава Андра Прадеш, плаче камени солзи. Камчиња ù излегуваат од десното око последните петнаесетина дена. Во еден ден таа исплачува од 15 до 25 камчиња.Седумгодишно девојче плаче камени солзиНејзините родители побарале помош од неколку офталмолози, но никој сè уште не открил од што е предизвикан овој феномен. Нејзиниот дедо Gopal Reddy вели дека на почетокот мислеле дека се работи за божја моќ, па се молеле на Бога тоа да престане.

Малечката Kura Nitya објаснува дека нејзиното десно око отекува непосредно пред да почнат да се тркалаат камчиња од него. Офталмологот Kalyan Chakaravarthy вели дека девојчето медицински е сосема здраво и дека не постои никакво логично објаснување зошто ù се случува тоа.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Стефан Reply

    Се валкала во песок!

Остави коментар