Само 3 состојки: Рецепт за „лажна“ карамела без шеќер

Само 3 состојки: Рецепт за „лажна“ карамела без шеќер

Карамелата е смеса добиена со растворање шеќер на висока температура. Но, можете да добиете многу сличен вкус без да користите шеќер.

Само 3 состојки: Рецепт за „лажна“ карамела без шеќер

За да подготвите „лажна“ карамела, користете меки урми и таан. Иако рецептот е многу едноставен, треба да имате предвид неколку детали. Ако немате меки урми на располагање, важно е да ги натопите во топла вода навечер за да ги омекнете. Ова е особено важно ако немате на располагање добар блендер.

За добра лажна карамела, исто така е важно да се користи и квалитетен таан. Постојат различни брендови на пазарот, кои во амбалажата кријат горчлива маса која наликува на парче глина. Наместо тоа, купете течни кои лесно може да се истурат.

Потребни состојки:

  • 150 гр меки урми
  • 3 лажици таан
  • малку сол

Начин на подготовка:

1. Во блендер ставете ги сите состојки и мешајте сè заедно додека не добиете смеса како карамела.

2. Во случај смесата да е тврда, можете да додадете малку вода или бадемово млеко.

3. Послужете со овошје, чоколадо или со лепчиња. Добар апетит!

Moжеби ќе сакате да го пробате и ова ледено лате со карамела.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар