Како се однесуваат хороскопските знаци кога флертуваат?
Кога ви се допаѓа некоја личност, сигурно се радувате кога ќе добиете позитивен одговор. Но, како паничат хороскопските знаци додека флертуваат со симпатијата и се трудат да ја освојат?
Овен
Ѝ испраќате ризични текстови на личноста што ви се допаѓа, а потоа го фрлате телефонот низ собата затоа што сте премногу исплашени да го прочитате нејзиниот одговор.
Бик
Постојано гледате во личноста што ви се допаѓа, но гледате настрана веднаш штом ќе воспоставите контакт со очите и никогаш не ѝ приоѓате.
Близнаци
Ќе ѝ напишете флертувачки пораки на личноста што ви се допаѓа, а потоа ќе се преиспитате и ќе ги избришете без да ги испратите.
Рак
Објавувате слики за да ја импресионирате вашата симпатија, а потоа веднаш се каете и ги бришете.
Лав
Се погледнувате во огледало одново и одново, загрижени за тоа како изгледате од нивна гледна точка.
Девица
Вие всушност флертувате прилично добро во живо, но разговорот го водите во вашата глава откако ќе си замине вашата симпатија.
Вага
Ги фаќате обетките, белезиците, ѓерданите и сè друго што има на вас затоа што не можете да останете смирени.
Скорпија
Предвреме подготвувате шеги и теми за разговор, но потоа заборавете на сè штом ја видите личноста што ви се допаѓа.
Стрелец
Станувате нервозни кога треба да кажете нешто и на крајот одвај флертувате со личноста што ви се допаѓа.
Јарец
Гледате во објавите и сликите на вашата симпатија подолго отколку што треба, обидувајќи се да пронајдете нешто паметно да ѝ кажете.
Водолија
Го кажувате првото нешто што ќе ви текне без да размислите што всушност зборувате.
Риби
Им испраќате слики од екранот на вашите пријатели за да ви помогнат да смислите што да ѝ кажете на личноста што ви се допаѓа.
Прочитајте како се однесува секој хороскопски знак откако ќе ве изневери.