Овој медитерански град е единственото место во светот каде што растат овие необични рози

Овој медитерански град е единственото место во светот каде што растат овие необични рози

Во Турција, недалеку од границата со Сирија, на бреговите на реката Еуфрат, постои регион кој привлекува посетители кои сакаат егзотика, античката историја и романса и кои доаѓаат тука за да ги видат необичните цвеќиња.

Градот Халфети на реката Еуфрат го изградил асирскиот крал во 9 век п.н.е. Луѓето кои живееле крај реката Еуфрат одгледувале ф’стаци. Во 1999 година, браната Биречик била изградена на урнатините на блискиот антички град Зеугма. Во тој процес, 6.000 луѓе од околните села биле раселени. Еуфрат го преплавил целото крајбрежје и крајбрежните населби, а Халфети бил изграден од нула.

Овој медитерански град е единственото место во светот каде што растат овие необични рози

Денес е зачуван дел од стариот град наречен Ески Халфети, а населбите што му припаѓаат нудат многу знаменитости што привлекуваат туристи. Ова место служело и како позадина за снимање турски серии.

Една од најстарите населби во близина е Румкале, чие име буквално значи „римски замок“. Некогаш била моќна тврдина на бреговите на Еуфрат и се верува дека апостол Јован живеел тука во римско време.

Кога станува збор за верувањата, една урбаната легенда вели дека овој регион е единственото место во светот каде што цветаат црни рози.

Реалноста, за жал, за сите романтичари кои виделе фотошопирани фотографии на Интернет, е малку поинаква: црни рози не постојат сами по себе. Но, она што можете да го видите се рози со темно црвена или розова боја, понекогаш имаат толку темни нијанси, па дури и рабовите на ливчињата изгледаат како да се црни и тоа е навистина нешто што го прави овој регион посебен.

Бидејќи вакви рози нема да најдете никаде на друго место во светот, неговите „црни“ варијанти се нарекуваат Халфети рози. Денес, тие се загрозен вид, бидејќи жителите на градот го префрлија на нови земји подалеку од крајбрежјето по поплавата. Денес тие се одгледуваат во посебни услови.

Ако одите уште подалеку на север, доаѓаме до Савачан. Овде од реката излегува невообичаена глетка: минарето на една подводна џамија.

Посетителите можат да го видат сето ова во панорамска тура со брод, а вашиот „капетан“ ќе се погрижи да ви пронајде одлично место за пиење кафе или турски чај.

Овој медитерански град е единственото место во светот каде што растат овие необични рози

Овој медитерански град е единственото место во светот каде што растат овие необични рози

Овој медитерански град е единственото место во светот каде што растат овие необични рози

Овој медитерански град е единственото место во светот каде што растат овие необични рози

Овој медитерански град е единственото место во светот каде што растат овие необични рози

Овој медитерански град е единственото место во светот каде што растат овие необични рози

Погледнете ги овие фотографии од магичната Кападокија во Турција што ќе ве остават без здив.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар