Ако се чувствувате подготвени да доживеете летна љубов, тоа е благодарение на Венера што влезе во Рак на 7 август и ќе влијае врз вашите емоции сè до 7 септември. Во продолжение прочитајте како ќе влијае Венера врз вашиот љубовен живот.
rn
Овен
rnОбично не сакате да останете дома, но сега ќе сакате да поминувате повеќе интимни моменти со партнерот. Испланирајте неколку слатки и тивки романтични вечери дома и загрејте ја атмосферата во спалната соба.rn
Бик
rnОвој месец ќе ги освоите срцата на многу луѓе бидејќи ќе откриете дека знаете како слободно да ги изразите вашите чувства со зборови. Но, слатките зборови се една работа, а покажувањето на вистинските чувства се сосема друга работа. Можеби имате потреба да го гризнете јазикот пред да кажете како навистина се чувствувате, но обидете се да бидете отворени. Има голема моќ во ранливоста и најверојатно ќе го инспирирате партнерот да ви го даде истото за возврат.rn
Близнаци
rnВо овој период ќе копнеете по многу поголема блискост и удобност во вашата романтична заплетканост. Без разлика дали сте во врска или само се состанувате, најдете начин да му покажете на партнерот дека сте заинтересирни и поврзете се преку многу физички допири како масажи или прегратки.rn
Рак
rnЌе добивате внимание од сите, па ова е одличен период да го манифестирате видот на љубовта и на романтиката што ги сакате во вашиот живот. Одвојте време за себе и направете неколку магични љубовни ритуали.rn
Лав
rnВие ја цените приватноста во вашиот љубовен живот, а овој месец ќе чувствувате дека дополнително треба да ги заштитите вашето срце и вашите чувства. Овој период треба да се повлечете од романтичната сцена и да одвоите малку време за да им дадете приоритет на вашите сопствени потреби и чувства. Откако ќе помине овој период, ќе знаете точно што барате.rn
Девица
rnОвој месец ја чувствувате вредноста на пријателството како основен принцип на романтичната врска. Ако сте сингл, постои голема можност пријателството да премине во нешто повеќе. Ако сте во врска, негувајте ја поврзаноста помеѓу вас и вашиот партнер за да ја зајакнете врската.rn
Вага
rnАко некој знае како да го живее животот што го сака, тоа сте вие, а овој месец треба паметно да ја искористите моќта на љубовта. Ако сте во среќна врска, очекувајте да порасне вашето ниво на посветеност кон вашиот партнер. Ако сте сингл, може да откриете дека привлекувате личности со кои имате исти професионални цели и интереси.rn
Скорпија
rnДлабочините на вашето срце во моментот изгледаат бесконечни. Возбудливата романса не мора да значи и фантастични одмори и страсна драма. Возбудлива романса може да биде ако покажете дека сте ранливи и целосно да го отворите срцето кон некого. Да сакате длабоко е највозбудливото нешто што можете да го направите.rn
Стрелец
rnВие не сте навикнати да се давите во емоции како што ќе биде овој месец. Ја сфативте вредноста на тоа да бидете ранливи и отворени кога станува збор за љубовта и имате потреба да ги споделите најдлабоките делови од себе со некој друг. Само проверете дали поставувате соодветни граници со цел да се заштитите. Вашите внатрешни чувства се подарок, па затоа треба да бидете сигурни дека му верувате на тој што ги добива.rn
Јарец
rnОвој месец ќе бидете многу посериозни кога станува збор за романсите. Веројатно ќе треба да донесете одлука и да ја направите врската официјална. Ако сте во врска, ова е одлично време да ја продлабочите врската преку отворена комуникација и разговор. Барајте рамнотежа во начинот на кој вие и вашиот партнер се грижите еден за друг.rn
Водолија
rnОвој месец, ќе треба да ја покажете вашата љубов и грижа кон партнерот на многу попрактичен начин. Вие не сте секогаш многу емотивни, но обидете се да покажете нежни чувства кон партнерот. Помагањето со домашните обврски, подготвувањето вечера по напорниот ден или изненадувањето со корисен подарок, ќе ви помогнат многу во градењето на стабилноста помеѓу вас двајцата.rn
Риби
rnПотпрете се на задоволството да бидете вљубени. Ќе најдете бескрајни извори на инспирација и убавина во вашиот романтичен живот, а свежиот прилив на чувства е токму возбудата што ја барате. Само внимавајте да не се заљубите во личност што не е за вас.
Прочитајте на што треба да се потсети секој хороскопски знак во текот на август.

