Сламени шешири кои ќе ги обожавате ова лето
Ниту едно годишно време не носи толку промени во плакарот како летото. Одредена едноставност може да се забележи во нашите секојдневни модни комбинации од многу бои и дезени. Во текот на летото, покрај едноставноста важна е и функционалноста на модните парчиња. Поради тоа, ова лето сламените шешири ќе бидат дел од секоја модна комбинација.
Во изминатите неколку сезони планирањето на било какви модни комбинации не беше возможно без овој моден додаток. Покрај тоа што сламените шешири ни даваат гламурозен изглед, тие исто така се одлична заштита од сончевата светлина. Сламените шешири исто така можат да ја сокријат лошата фризура, а сепак да направат да изгледате одлично. Погледнете ги овие сламени шешири и одберете го вашиот омилен. Изборот е голем – од едноставни и секојдневни до малку поелегантни.
Погледнете кои модели на очила за сонце во боја што ќе бидат во тренд ова лето.