8 модели на обувки што ќе бидат во тренд оваа сезона

8 модели на обувки што ќе бидат во тренд оваа сезона

Возбудата е на ниво, веќе правите комбинации во главата, повторно барате инспирација во уличната мода и размислувате кои обувки се први на вашата листа со желби и дали можете да рециклирате нешто од минатото лето. Ова се сите важни трендови за лето 2020 година, па погледнете какви обувки треба да ги имате во вашиот плакар.

1. Врзување околу глуждот

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Kalinic (@tamara) on

Секогаш можете да сметате на летните модели кои се врзуваат околу глуждот затоа што тие ја прават впечатлива дури и наједноставната комбинација, а оваа сезона изборот е повеќе од задоволителен: од еспадрили, преку рамни сандали до оние со вртоглаво високи потпетици.

2. Моделот на чевли „Мери Џејн“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Prada (@prada) on

Оваа сезона ќе бидат популарни лакираните модели во разни бои и со високи потпетици.

3. Повисоко ниво

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pernille Teisbaek (@pernilleteisbaek) on

Класичните платформи им се познати на сите, но што велите за платформите што всушност немаат потпетици? Оваа сезона ќе бидат популарни моделите со украси од камчиња, сатен и морнарски мотиви.

4. Ретро влечки

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pernille Teisbaek (@pernilleteisbaek) on

Еден од најомилените трендови од 90-тите се враќа во сите бои и варијации. Минималистичките влечки со стабилна потпетица се идеални за комбинирање со сите летни фустани и исечени фармерки, па можете да набавите ваков модел барем во неколку бои.

5. Верижна реакција

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Kalinic (@tamara) on

Оваа сезона во тренд ќе биде накитот за чевли: од нежни синџири до дебели ланци.

6. Мокасини на потпетици

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Prada (@prada) on

Овој модел претставува варијација на училишната униформа: ако потпетицата е ниска, тогаш материјалите и украсите се неочекувани, а ѓонот е дебел, но најдобриот модел е во форма на влечки со дебели потпетици.

7. Четвртести обувки

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Kalinic (@tamara) on

Еден од најголемите трендови од мината година ќе владее и оваа сезона: четвртестиот врв на влечките, на балетанките и на салонките е неизбежен.

8. Апостолки

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JIL SANDER (@jilsander) on

Сакале вие или не, апостолките се тука за да бидат еден од најдоминантните модели на сезоната. Може да се потпрете кон ретро минимализмот од 90-тите или да одите во сосема спротивна насока со секси високи потпетици, врвки и реси.

Погледнете кои модели на здолништа можете да ги носите со патики и со високи потпетици.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар