Претходно
Веганско брауни со сладок компир
Дали ви се јаде нешто благо кое во исто време е здраво и од растително потекло?
Овој рецепт за веганско брауни е многу брз и лесен, а секако и многу вкусен! Единствениот „недостаток“ е што треба да почекате барем половина час да се олади за да биде уште повкусно.
Потребни состојки (за 16 парчиња):
- 500 г сладок компир
- 150 милилитри растително млеко (оризово или овесно)
- 150 г путер од кикиритки
- прашок за пециво
- 50 г брашно
- 100 г какао
- 1 лажица шеќер
- 50 г бадеми (по избор)
Начин на подготовка:
- Ставете ги слатките компири да се печат на 200 степени за 35 до 40 минути, сè додека не бидат меки. Извадете ги од рерната и покријте ги со крпа за да можат полесно да се излупат и да бидат уште помеки. Откако ќе се оладат, излупете ги.
- Ставете ги бадемите во вода и почекајте да зоврие. После 10 минути, извадете ги и излупете ги.
- Во голем сад, ставете ги слатките компири и со помош на виљушка направете смеса. Потоа додајте го млекото, путерот од кикиритки, прашокот за пециво, брашното, какаото, половина од бадемите и шеќерот. Измешајте ги сите состојки.
- Пренесете ја смесата во сад за печење. Одозгора наредете го другиот дел од бадемите и ставете да се пече на 180 степени за 35 до 40 минути. Пред да го јадете, оставете да се олади барем половина час.
Пробајте го и овој брз колач без готвење и печење.