Кога сте во продавница и вашето дете почнува да плаче затоа што сака чоколадо или играчка знаете дека зборовите „престани да плачеш“ нема да помогнат. Ваквата состојба веројатно им се случила на сите што имаат деца, но секогаш постои решение, па во продолжение прочитајте како полесно да ги одгледате вашите деца.rn
1. Одвлечете им го вниманието со прашање за бојата на облеката
rnАко вашето дете почне да плаче, не прашувајте го зошто плаче и не кажувајте му да престане да плаче. Наместо тоа, одвлечете му го вниманието и прашајте го каква боја има неговата облеката. Децата не размислуваат што носат и ќе почнат да се концентрираат на тоа. Така, солзите ќе исчезнат.rn
2. Не кажувајте им колку време останува
rnДецата немаат претстава колку траат 5 минути и не разбираат колку брзо лета времето. Наместо да велите „уште 5 минути“, речете „уште 5 фрлања“, „уште 10 круга“ или „уште 7 скока“.rn
3. Прво избришете го вашето лице, а потоа лицето на вашето дете
rnАко вашето дете не сака да го избрише своето лице, обидете се со овој трик. Прво, избришете го вашето лице. Корисниците на Редит велат дека невербалната комуникација му овозможува на детето да сфати што се случува. Исто така, тие предупредуваат дека ова можеби нема да функционира на почетокот. Но, треба да бидете упорни и потоа детето ќе ви дозволи да го избришете и неговото лице. Истиот трик можете да го користите и за миењето на забите.rn
4. Кажете им „благодарам“ и „извини“
rnАко вашето дете сака да ви помогне, не игнорирајте го. Секој треба да слушне убави зборови, па научете да им кажувате „благодарам“ и „извини“. Овој вид однесување ќе ви помогне да се зближите и да го подобрите односот со вашите деца, без разлика на која возраст се.rn
5. Дајте им зеленчук пред вечерата
rnРетко се случува децата да изберат домат наместо хамбургер. Постои решение како да го натерате детето да јаде зеленчук и овошје. Дајте им го зеленчукот пред вечера, затоа што ако се гладни, децата ќе јадат сè, дури и моркови.rn
6. Ако имате повеќе деца, обидете се со „чиј ден е денес?“
rnКога имате 2 или 3 деца кои се речиси на иста возраст, може да има расправии за играчките, за игрите и за другите работи. Корисниците на Редит ве советуваат да им доделите на секое од нив по еден ден во неделата. Значи, ако има расправија, прашајте чиј ден е денес и тогаш расправијата треба да заврши.rn
7. Бидете внимателни кога прашувате
rnРазмислете пред да прашате нешто затоа што на децата може да им биде тешко да ви одговорат на некои прашања. Размислете добро кога го поставувате вашето прашање. На пример, наместо да прашате „Дали сакаш хотдог за вечера?“, подобро е да прашате: „Што сакаш да има во твојот хотдог?“rn
8. Дозволете им да направат избор и избегнувајте реторички прашања
rnДецата сакаат да прават избор и да ги контролираат работите, па затоа, кога излегувате, прашајте ги која блуза сакаат да ја носат. Но, бидете поконкретни со вашето прашање. Наместо „Која?“ подобро е да прашате „Жолта или црвена?“
Исто така, не давајте им да избираат ако нема што да изберат. Прашања како „Дали треба да се вратиме дома?“ имаат всушност само еден вистински одговор. Реторичките прашања како „Што ќе правиме со ова?“ исто така не се добри.rn
9. „Стави го на списокот“ наместо да речете „не“
rnЧувството да им речете „не“ на вашите деца не е воопшто убаво, дури и ако тоа е за играчка што веќе ја имаат. Не кажувајте „не“. Речете им да го стават тоа на списокот. Ова ќе ви помогне да избегнете расправии и плачки во продавницата.rn
10. Дозволете му вашето дете да ве гледа како заспивате
rnБидете пример за вашето дете. Ако му кажете дека е време за спиење, а вие сè уште гледате телевизија или играте на вашиот телефон, можеби на детето нема да му бидат јасни некои работи. Барем преправајте се дека спиете затоа што децата ве следат вас. Затворете ги очите, бидете мирни и тивки и децата ќе научат дека и тие треба да прават така.
Прочитајте ги овие 16 совети за родители што ќе го подготват вашето дете за реалниот свет.

