Реченици што жените сакаат да ги слушнат повеќе од „те сакам“

Сподели

Иако изјавата „те сакам“ е најмоќната реченица во светот што сите сакаат да ја слушнат како потврда за љубовта, сепак постојат неколку реченици што жените повеќе би сакале да ги слушнат. Овие изјави покажуваат дека за успешна врска е потребно многу повеќе од љубов.

Реклама

rn

1. Ќе ти простам

rnЌе ти простам за сите невнимателно кажани зборови по напорниот ден.

Ќе ти простам за сите оние ситуации во кои не бевме свесни како се повредуваме.

Ќе ти простам за сите големи и мали грешки.rn

2. Ќе се жртвувам за тебе

rnЌе го жртвувам моето време за нешто што сакаш да го правиш.

Ќе останам покрај тебе додека се грижиш за нашето бебе иако рано наутро треба да одам на работа.

Ќе направам нешто убаво за тебе затоа што си настината.rn

3. Ќе те почитувам

rnЌе те почитувам за сè што си.

Ќе ги почитувам твоите чувства, мислења, уникатност.

Ќе ги почитувам твоите соништа и желби.rn

4. Ќе те поддржувам

rnСекогаш ќе ти го чувам грбот.

Можеш да се потпреш на мене и секогаш ќе се трудам да имаш сè што ти треба.

Кога ќе паднеш, ќе ти помогнам да станеш.rn

5. Ќе те заштитувам

rnЌе ја заштитам нашата љубов.

Ќе нè штитам од оние што не ни посакуваат добро.

Ќе ти бидам прибежиште и безбедно пристаниште.

Ќе бидам некој на кого секогаш можеш да му веруваш.rn

6. Секогаш ќе бидам среќен што си со мене

rnПовеќето личности остануваат покрај луѓето што им простуваат, што ги поддржуваат, што им помагаат да станат кога ќе паднат, што се многу повеќе од само едно „те сакам“.

Прочитајте ги овие пет митови за врските и за бракот што ги учите од околината.

Популарно

Може ќе ве интересира