8 златни правила од една сибирска билкарка: Дајте му го ова на вашето дете и не плашете се од болести
Храната треба да биде лек, а лекот треба да биде храна. Лидија Несторовна Сурина е биолог, фитотерапевт и билкар веќе 40 години. Има објавено неколку книги за лековитите својства на локалните растенија, а нејзините совети се популарни низ целиот свет. Подолу прочитајте неколку од нив.
1. Денес луѓето почесто се разболуваат затоа што јадат многу увезена храна. Во ред е да јадете увезена храна, но тоа смее да биде само 10 проценти од вкупната количина храна што ќе ја внесете во организмот. Кога јадете многу храна што не е од вашето подрачје, тогаш нема да можете да ја приспособите таа храна на условите во коишто живеете. Тоа е основниот закон на природата.
2. Голем дел од храната што секојдневно ја јадете е ѓубре. Тука спаѓаат газираните пијалаци и гумите за џвакање што содржат аспартам (засладувач) што е 200 пати поблаг од шеќерот. Колку повеќе пиете сок, толку повеќе сте жедни и уште повеќе пиете и купувате. На овој начин, само ја збогатувате земјата што го произведува тоа ѓубре. Овој засладувач има повеќе негативни дејства: ја намалува интелигенцијата и предизвикува главоболка, гадење, депресија, болки во стомакот, заматен вид, возбуда, нестабилно одење, оштетување на зглобовите, дебелина и др.
3. Белиот леб е празен леб. Кога во минатото се јадеше бел леб? Само за празници, а останатото време се јадеше леб од цели зрна.
4. Оваа билкарка препорачува на децата во градинка еден месец да им се дава овесна каша со домашно млеко која ќе им помогне да се исчистат белите дробови, а вториот месец да им се дава овес варен во вода за им се исчисти црниот дроб.
5. Нејзиниот татко во детството ѝ давал пијалак за да ја излечи од алергија: три недели пиела половина чаша млеко во кое имало 3 капки јод. И Наполеон на своите војници им давал јод бидејќи знаел дека недостатокот на јод развива деменција.
6. Мачките и кучињата во пролет јадат пиреј. Некои го јадат, а потоа повраќаат, што значи дека се исчистени од токсини. Ова растение содржи силициум, а тој го задржува калциумот, што значи го заштитува организмот од артритис, од гастритис и од други заболувања. Земете едно купче пиреј и варете го 10 минути. Исцедете ја водата, а пирејот згответе го во супа. Тоа е вистински лек за постарите луѓе затоа што калциумот во таблети не може да им помогне.
7. Оние кои имаат чир мора секој ден да јадат по 1 лист тегавец.
8. Секој ден консумирајте глог, невен, камилица и лук. Тоа ќе ви помогне повеќе од кој било синтетички витамин.
Прочитајте кои се петте токсични материјали што можат да бидат штетни за вашето здравје и што да носите наместо нив.