Еко-пријателски и економични новогодишни подароци

Сподели

Нова година е еден од оние празници кои сакаме да ги поминеме со нашите најблиски и да ги изненадиме со многу креативни подароци. Во тој случај, нема ништо поубаво од персонализиран подарок, што покажува колку навистина ни значи личноста.

Реклама

Ако решивте да подарите персонализиран подарок, ние подготвивме мала листа со новогодишни подароци за секој буџет, кои исто така се еко-пријателски и можете да ги направите сами.rn

Рачно изработени подароци

rnИмате талент за цртање, декупаж техника, плетење или обработка на дрво? Има толку многу работи што можете да ги направите со малку време и креативност. На пример, нацртајте смешна слика за вашите деца или пријатели и закачете ја во нивната соба. Исто така, може да направите убава чинија со декупаж техника или да исплетете топол шал за некого. Освен што се персонализирани, овие подароци се рачно изработени, а тоа ги прави навистина посебни.rn

Новогодишни украси

rnМногу луѓе собираат предмети со сентиментална вредност, па затоа на пријателите или семејството, дајте им рачно изработен украс за новогодишната елка. Може да подарите и разгледница со лична порака.rn

Природна и органска козметика

rnОрганската козметика е чиста, здрава, еко-пријателска и без токсини. Со само неколку состојки, лесно можете да направите природни ексфолијанти, освежувачки спрејови и многу други продукти. Можете да подарите парфем направен од есенцијални масла или мелем за усни со мирис на какао и кокос.rn

„Зелена“ Нова година

rnПодарувањето растение е одлична идеја. Тоа е како домашно милениче, но подобро, затоа што бара малку одржување. Растенијата имаат многу здравствени придобивки и се одлични за прочистување на воздухот и освежување на ентериерот. Тие нè смируваат, а некои, како лавандата, го чуваат домот од разни инсекти.rn

Еко-пријателско завиткување и украсување на подароци

rnИзберете најекономично завиткување на подароците, на пример, стари весници или едноставна, кафеава хартија. Освен што е економично, тоа ќе изгледа оригинално и интересно. Исто така, можете да ги украсите со панделки од ленти и гранчиња, за да изгледаат рустично и инспирирано од природата.

Ако сè уште не можете да го изберете совршениот подарок, погледнете ги и овие 15 креативни рачно изработени новогодишни подароци со кои ќе ги израдувате најблиските.

Среќни празници!

Популарно

Може ќе ве интересира