Зошто кремата за раце со заштитен фактор е од исклучителна важност за вашето здравје?
Сите знаеме колку се важни производите со заштитен фактор за нашите кожа, лице и деколте. Но, дали сте знаеле дека овие производи се препорачуваат и за останатиот дел од телото, а особено за кожата на рацете каде што се забележуваат првите знаци на стареење. Да, без разлика колку се грижите за вашата кожа користејќи производи против стареење, доколку не ги користите на рацете, поточно на дланките, вие правите голема грешка бидејќи токму таму се појавуваат првите знаци на старост.
Кожата на рацете е постојано изложена на штетните УВ знаци, особено за време на возење во автомобил кога сончевите зраци директно ги допираат па тоа води кон брчки, сончеви пеги, а во некои случаи и рак на кожа. Експертите и дерматолозите истакнуваат дека кремата со заштитен фактор (најдобро да е од 15 па нагоре), се нанесува во секој дел од годината, без разлика дали е сончево или не.
„Нанесете ја кремата со заштитен фактор секое утро на вашите лице, раце, врат и деколте, односно на сите делови од телото што се отворени“, вели д-р Роберт Анолик, познат дерматолог. „Овие делови се многу поизложени на штетните УВ зраци што ја оштетуваат нашата ДНК и го зголемуваат ризикот од рак на кожа.“
Најдобро е да создадете секојдневна навика да нанесувате крема со заштитен фактор на сите делови од вашето тело што не се покриени, без разлика која сезона е и дали има сонце или не. На овој начин не само што ќе го спречите предвременото стареење, туку исто така и ќе се заштитите од рак на кожата.
Дали постои причина за грижа? Прочитајте што кажува тресењето на рацете за здравствената состојба.