Нашите баби немале избор на производи за чистење на домот, па затоа биле принудени да се снаоѓаат и да чистат со намирници и производи кои нам денес ни звучат необично. Овие стари трикови може да ви ја олеснат работата и да ви „купат“ време и пари. Зошто да не тестирате некој од нив?
rn
За паркетот
rnПодот од дрво може да биде чист и да сјае со помош на природно средство кое може да го направите самите. Измешајте неколку шолји оцет и сапун, а во смесата може да додадете и некое дополнително средство за чистење.rn
За микробрановата печка
rnДоколку барате едноставен начин за чистење на микробрановата печка без да изгребете некои делови, го имаме најдоброто решение за вас. Ставете оцет и вода во стаклен сад, кој потоа ќе го ставите во печката. Вклучете ја печката на неколку минути. Пареата која ќе се создаде ќе го исчисти уредот.rn
За каучот
rnРазмислувате како да ги отстраните масните дамки од каучот? Нив може да ги исчистите со влажни марамчиња натопени во алкохол. Исушете го материјалот со фен.rn
За рерната
rnИсчистете ја маснотијата од стаклото во рерната со тврд сунѓер потопен во оцет и детергент. Користете топла вода доколку е потребно.rn
За четката во тоалетот
rnЧетката во тоалетот може да има свеж мирис доколку во садот во кој стои ставите средство за чистење. Ова ќе го освежи мирисот во тоалетот, а истовремено четката ќе биде дезинфицирана.rn
За машината за перење алишта
rnКога последен пат ја исчистивте машината за перење алишта? Пред да започнете со тоа, пуштете ја машината да испере со детергент, но без алишта. Потоа повторно вклучете ја машината, но овој пат во внатрешноста ставете малку оцет, а потоа со крпа исчистете го целиот простор.rn
За перниците
rnДоколку вашите бели перници добиваат жолта боја, следниот чекор ќе им ја врати свежината. Исперете ги перниците во сода бикарбона, избелувач и детергент. Утредента ќе бидат како нови.rn
За туш кабината
rnПосипете оцет насекаде и оставете го да делува преку ноќ. Дамките и нечистотијата ќе исчезнат во текот на ноќта.rn
За душекот
rnЗа да го исчистите душекот, ставете сода бикарбона и оставете ја да делува неколку минути. Потоа, исчистете го душекот со правосмукалка. Тоа е сѐ.
Прочитајте и за овие 10 совети за чистење со кои вашата кујна ќе заблеска.

