КАФЕ ПАУЗА

Селото полно со палати во кое речиси сите жители се сиромашни

Селото полно со палати во кое речиси сите жители се сиромашни

Речиси сите жители во ова романско село собираат и продаваат отпад за да преживеат. Но, повеќето од нив живеат во палати, кои денес стануваат вистинска туристичка атракција.rnrnСелото полно со палати во кое речиси сите жители се сиромашниrnrnНиз Романија може да се видат многу куќи украсени на специфичен начин кои повеќе потсетуваат на музеи отколку на нечии домови. Ова се таканаречените ромски палати кои започнале да се градат на почетокот на 1990-те години откако припадниците на ромската заедница започнале да заработуваат доволно за да си дозволат вакви куќи.rnrnИма илјадници такви куќи низ Романија, а стиловите се разликуваат од регион до регион. Во средниот дел од земјата, ромските палати биле инспирирани од католичките цркви, додека во југозападниот дел тие се копии на неокласичните градби. На истокот и на југот од земјата тие се интерпретации на куќите на поранешните аристократи.rnrnБузеску има 4.000 жители и десетици палати на главната улица, која веќе станува популарна дестинација за туристите.rnrnЕдно село кое изобилува со вакви домови е Бузеску, кое се наоѓа на околу сто километри јужно од Букурешт. Бузеску има 4.000 жители и десетици палати на главната улица, која веќе станува популарна дестинација за туристите.rnrnМногу жители на ова село велат дека парите ги заработиле со собирање и продавање на огромни количини отпад, а додаваат и дека со тоа се занимаваат и денес. Некои жители велат дека живеат во странство и парите кои ги заработуваат таму ги користат за да изградат луксузни домови во селото.rnrnБузеску има 4.000 жители и десетици палати на главната улица, која веќе станува популарна дестинација за туристите.rnrnПостои и приказна дека парите со кои се изградени овие палати се добиени од продажба на претходно запленето злато кое им било вратено на Ромите по падот на комунизмот во земјата. Имено, за време на режимот на Никола Чаушеску, Ромите биле принудени да го предадат сето злато кое го поседуваат на властите. Во голем број случаи, ова било документирано, што ја олеснило процедурата за подоцнежното враќање на златото.rnrnРомските палати во Бузеску навистина се уникатни, а погледнете ги и 12-те најуникатни куќи во светот во кои ќе посакате да живеете.