Основачот на јапонскиот автомобилски гигант Тојота, Сакичи Тојода, во секојдневниот живот го користел правилото „петорка“. Ова правило му помогнало да најде одговори на сите прашања и решенија за многу проблеми.rnrn
rnrnСе работи за ефикасен метод кој ќе ви помогне подобро да ја сфатите ситуацијата, како и да дознаете што криете, што се плашите да си признаете себеси и што всушност сакате. Поставете си себеси 5 „зошто“ прашања и искрено одговорете.rnrnДа речеме дека, на пример, сакате да купите златен прстен… Еве како би се применила стратегијата на петте „зошто“ во овој случај.rnrnЗошто број 1: Зошто сакам да го имам овој прстен?rnОдговор: Затоа што сакам сите пријатели да ми завидуваат.rnrnЗошто број 2: Зошто сакам сите пријатели да ми завидуваат?rnОдговор: Затоа што сакам да бидам подобар од нив.rnrnЗошто број 3: Зошто сакам да бидам подобар од нив?rnОдговор: Затоа што сум несигурен во себе.rnrnЗошто број 4: Зошто сум несигурен во себе?rnОдговор: Затоа што не се развивам, не напредувам, јас сум обична личност.rnrnЗошто број 5: Зошто не се развивам?rnОдговор: Затоа што се плашам од потешкотии и се плашам да ја напуштам зоната на комфорот.rnrnКаква врска има сето ова со прстенот?rnrnСакичи Тојода нѐ учи дека одговорот на петтото „зошто“ ја крие главната причина, која е тешко да се открие на прв поглед. Тој одговор всушност ви ја отвора сегашноста.rnrnОва е многу ефикасна метода која го открива она што всушност се плашите да си го признаете себеси и она што вистински го сакате. Можете да ја применувате во секојдневниот живот за разни проблеми и дилеми со кои се соочувате, но подеднакво ефикасна примена има и во професионалната сфера за идентификување на пречките во работата, застој во процесите и лоцирање на грешките.rnrnВаквите методи се интересен начин за решавање на проблемите во животот. Погледнете и како да се ослободите од депресијата и анксиозноста со помош на методот 54321.
Правилото со 5 прашања од основачот на Тојота: Проверен метод за откривање на желбите и тајните
