За фит изглед: Само една компилација вежби за активирање на мускулите на стомакот и нозете
По летното одмарање и уживање во сите десерти на сонце, време е да се вратиме на редовната рутина за вежбање. Ако и вашиот сон е заоблен задник и рамен стомак, тогаш ја имаме совршената комбинација од вежби за вас! Доколку редовно ја практикувате, првите резултати ќе почнат да се забележуваат за само две недели. Според фитнес инструкторите, за максимален ефект доволно е да се вежба и само три пати неделно.
Најдоброто нешто кај оваа вежба е што нема да ви одземе многу време, па лесно можете да ја вклопите во вашиот секојдневен живот. Сепак важно е и малку да ја прилагодите вашата исхрана така што ќе направите баланс и ќе им кажете „не“ на брзата храна и десертите во кои уживавте целото лето. За добро тело и совршена форма, потребно е мало одрекување, но верувајте ни, кога ќе ги видите резултатите, ќе знаете дека сè се исплатело!
Погледнете го тренингот во продолжение и истовремено справете се и со двете проблематични области на вашето тело. Со лесно!