Психолошки тест: Колку навистина се познавате себеси?
Во животот многу нешта можат лесно да ни го одвлечат вниманието. Често се наоѓаме помеѓу оние што сме и оние што сакаме да бидеме. Не е реткост ни тоа дека самите си задаваме нереални цели и достигнувања. Во сите тие желби и очекувања најчесто знаеме да се изгубиме себеси. После некое време забележуваме дека не сме задоволни со животот што го водиме и сфаќаме дека сме длабоко незадоволни. Со цел да го решите проблемот во кој сте се нашле, многу е важно да ги откриете вашите вистински интереси, вредности и ставови. Ова сознание може да ви помогне да станете посреќни и позадоволни.
Во продолжение следува листа со прашања што ќе ви помогне да размислите за себе, за своите секојдневни навики и интереси. Овие прашања ќе ве поттикнат да размислувате во вистинската насока за да се запознаете себеси подобро. И запомнете – не постојат точни и неточни одговори!
- Ако нешто е забрането, дали го сакате тоа повеќе или помалку?
- Дали постои област во вашиот живот каде што се чувствувате како да немате контрола?
- Неочекувано сте добиле целосно слободен ден. Што ќе правите?
- Колку време го барате тоа нешто што не можете да го најдете?
- Дали ве мотивира конкуренцијата?
- Дали ви е полесно да правите работи за другите одошто за себе?
- Дали постојано работите? Или дали мислите дека треба да работите?
- Дали лесно ги прифаќате правилата или се бунтувате?
- Дали добро работите под притисок?
- Како би требало да изгледа вашиот совршен ден?
- Колку време гледате во некаков екран (телевизија, компјутер, мобилен…) во текот на неделата?
- Дали сте утрински или вечерен тип на личност?
- Што за вас претставува задоволство – заштеда на време или заштеда на пари?
- Дали сакате да бидете во центарот на вниманието?
- Дали е вашиот живот ставен „на чекање“ во каква било смисла?
- Што би правеле да имавте повеќе енергија?
- Какви типови луѓе и кои активности ви даваат енергија? А кои ви ја црпат?
- Дали ви е тешко да се ослободите од нештата што повеќе не ви се потребни?
- Дали лесно се нервирате?
- Во кое време одите на спиење? Колку часа спиете?
- Ако на крајот на годината постигнете успех, дали имате уште некоја желба што би ве направила уште посреќна?
И за крај, кои прашања би ги додале на оваа листа за да им помогнете и на другите луѓе подобро да се спознаат себеси? Пишете ни подолу во коментарите!