Дали знаете што ја зацврстува врската, а позитивно влијае врз расположението? Тоа е едноставен начин да ѝ покажете на личноста што ја сакате колку ви значи. Не, не станува збор за купување скапи подароци, луксузни вечери или далечни патувања. Станува збор за неговото височество – допирот!rnrn
rnrnДокажано е дека допирот ги намалува анксиозноста и чувството на болка, го подобрува расположението и прави да се чувствуваме сакано. Тоа е многу важно за допирите што се „секојдневни“, а што не се одвиваат во спалната соба. Како допираме и како нè допираат условено е од нашето растење. Уште од 40-тите години, истражувањето за важноста на социјалните интеракции за развој на детето утврдило дека ако новороденчињата не добиваат човечки допир тоа може да има многу последици, дури и најтешки.rnrnПартнерите некогаш премногу внимание обрнуваат на интимните допири, а не на обичните коишто многу значат. Држењето за рака, галењето и шепкањето на увото се прилики за да му покажете на партнерот или партнерката колку ви значи со само еден допир на раката.rn
„Допирот ни пренесува чувство на безбедност и доверба, тој нè смирува. Го смирува дури и кардиоваскуларниот стрес и го ослободува „хормонот на љубовта“ – окситоцин. Толку е едноставен, а благотворен и треба да биде дел од секојдневието на секој пар. Меѓутоа, многумина забораваат на него“, објаснува Дашер Келтнер, професор од Универзитетот Беркли.
rnЧестите допири или физичкото покажување наклонетост не е толку распространето во европската култура. Децата коишто не ги гледале родителите како се држат за рака, како се бакнуваат или прегрнуваат, може да имаат проблеми со интимноста коишто би можеле да се решат само ако научат да го допираат својот партнер или партнерка.rnrnЧест проблем што го наведуваат многу психотерапевти е фактот дека посебно на момчињата не им се укажува на убавината на допирот и дека растат во адолесценти, а потоа во возрасни личности што мислат дека сексуалниот однос е единствена прилика за давање и добивање допир.rn
„Ако на момчињата им претставите ограничено поле на дејствување, тие ќе мислат дека спалната соба е единствен соодветен момент за допир во кој ќе уживаат, а тоа не е точно“, изјавува Естер Перел, психотерапевт.
rnТоа значи дека на мажите им е скратено уживањето во допири и дека не знаат што пропуштаат. Честото допирање го зголемува чувството на блискост, среќа и задоволство.rn
Кое е решението за паровите коишто не се допираат често?
rnТерапевтите сметаат дека тие се „мали чекори“ на патот кон подлабока интимност. Важно е секој пар да утврди кој допир е пријатен, а кој не го сакаат, но дека сите треба да се држат за рака. Но, тие мали допири коишто значат толку многу ќе направат да се чувствувате подобро и да ја зацврстите вашата врска.rnrnШто мислите вие на оваа тема? Дали често се допирате со вашиот партнер/ка? Пишете ни во коментар дали сакате да се држите за рака и што претставува тоа за вас.rnrnДознајте зошто е добро да се поставуваат цели во врската.