5 начини да ја овековечите вашата љубов доколку не сакате да се венчате

5 начини да ја овековечите вашата љубов доколку не сакате да се венчате

Бракот е романтичен, но тоа не единствениот начин да си ги потврдите меѓусебните чувства со партнерот. За да ги покажете сериозно своите намери и да го зацврстите вашиот однос, тоа можете да го постигнете и без сите тие формалности.

5 начини да ја овековечите вашата љубов доколку не сакате да се венчате?

Еве неколку креативни начини да ги прославите вашите чувства еден кон друг:

1. Напишете заклетви

Размената на заклетви е романтичен ритуал, бидејќи иако вашиот партнер знае дека ви значи, сепак ќе биде среќен доколку повторно го слушне тоа. Веројатно сте виделе многу сцени во филмовите каде што младенците меѓусебно си ветуваат разни нешта пред венчавката. Оваа традиција е дефинитивно вредна за присвојување, а за да ја спроведете не е потребно формално да стапите во брак. Одберете некој период со вашиот партнер во кој ќе си ги дадете своите ветувања и нека секој од вас напише колку му значи вашата врска.

Содржината на заклетвата може да биде што било, а обично тоа е говор во кој станува збор за тоа колку ви е важен партнерот проследено со неколку ветувања. Заклетвите можете да си ги прочитате еден на друг додека се наоѓате во некое романтично опкружување, или пак тоа да го направите на мала церемонија на која ќе присуствуваат вашите пријатели. Задолжително прочитајте ги заклетвите еден на друг гласно, а подоцна сочувајте ги за да можете секогаш да се присетувате на овој момент.

5 начини да ја овековечите вашата љубов доколку не сакате да се венчате?

2. Организирајте забава

Не мора да разменувате прстени или да потпишувате службени документи за да направите забава. Годишнината од врската или фактот што меѓусебно се сакате е доволен повод за добра забава. Испланирајте ги деталите за забавата и поделете им покани на пријателите и семејството. Постојат многу начини забавата да ја направите со романтична тематика – вклучете декорации со ваши заеднички фотографии, воведете слатки ритуали (размена на заклетви), организирајте специјални изненадувања и слично.

5 начини да ја овековечите вашата љубов доколку не сакате да се венчате?

3. Направете фотосесија

Доколку сте еден од оние парови кои имаат мал број заеднички фотографии, романтичната фотосесија ќе ви биде важна пресвртница и еден начин на кој ќе го одржите во сеќавање овој среќен момент. Замислете дека овој датум е посебен за вас и уживајте. Можете да направите фотографии на местото каде што сте се запознале или пак некаде каде што ви се случил некој важен настан. Дури можете да изберете некое сензуално искуство и да направите фотосесија за тоа.

5 начини да ја овековечите вашата љубов доколку не сакате да се венчате?

4. Заминете директно на меден месец

Секое патување може да се претвори во меден месец доколку патувате заедно со вашиот партнер и имате одлично расположение. Позајмете уште една славна традицијата од брачните парови – поминете една недела на некое егзотично место. Романтичниот одмор е добар начин за чувствата одново да се разбудат. Заедно стекнувате впечатоци и емоции, а работата, пријателите и проблемите остануваат далеку и ништо не ви пречи. Доколку немате прилика да отпатувате на море, пронајдете место според вашите можности. Викенд во спа хотел може да биде добра алтернатива за патување, доколку не можете да си дозволите повеќе.

5 начини да ја овековечите вашата љубов доколку не сакате да се венчате?

5. Направете тетоважи

За да ја овековечите вашата љубов, постои уште поинтимен процес од размената на прстени, а тоа е правењето заеднички тетоважи. Но, имајте на ум дека ова е многу потрајна опција од прстените, од која не би можеле лесно да се ослободите. Доколку вие и вашиот партнер сте сигурни во вашата љубов, сакате ја овековечите и имате позитивен став кон тетоважите, тогаш ова е вистинскиот начин за вас. Само внимателно размислете на кое место ќе биде цртежот и како ќе изгледа. Тетоважата не мора да биде ништо персонално како име или портрет на саканата личност. Постојат многу идеи за покажување на љубовното единство, како на пример тетоважи кои прават една слика кога ќе се соединат.

5 начина како да ја овековечите вашата љубов доколку не сакате да се венчате

Погледнете ги и овие романтични начини на кои жените им покажуваат на своите мажи дека ги сакаат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар