Работи кои секоја жена мора да ги направи за себе

Работи кои секоја жена мора да ги направи за себе

Доколку сакате да имате хармонија во вашиот живот, постојат работи кои треба да ги ставите на листата со приоритети. Секако, листата на работи што секоја жена треба да ги направи е многу долга. Но, да не зборуваме за работите како масажа, фризер, козметичар, туку да размислиме подлабоко за работите кои ги запоставуваме во секојдневното брзање или ги оставаме за „подоцна“.

(1) raboti-koi-sekoja-zhena-mora-da-gi-napravi-za-sebe

За подобро да функционираме во секојдневниот живот, треба да ги ставиме следниве работи на листата на приоритети:

Време за пријатели

Редовните состаноци со пријателите се нешто кое вреди да се запише во календарот на почетокот на месецот. Оваа идеја ви звучи брутално, или пак можеби смешно? Бидејќи нашите пријателства поретко ги ставаме како приоритет, тие исчезнуваат, се оддалечуваме и нашата блискост ја снемува.

Тешко е да се надополни пропуштеното време со луѓето кои ни значат. Не мора тие средби да бидат на модерни и луксузни места, доволно е само едно кафе кое можете да го испиете во вашиот дом.

(2) raboti-koi-sekoja-zhena-mora-da-gi-napravi-za-sebe

Редовни прегледи

Нека дигне рака секој од вас кој успеал да ги заврши сите потребни прегледи. Не треба да се заборават прегледите како ултразвук, анализа на крвта, проверка на нивото на шеќер, како и посета на гинеколог и стоматолог.

Време само за себе

Оваа задача не е лесна, затоа морате да поставите одредено време кое ќе се придржувате до него. Навратете се на работите кои ве правеле среќни и исполнети, а сте ги запоставиле поради големиот број обврски, прочитајте ја книгата која ја меркате долго време, одете на прошетка па макар и на 15 минути. Животот понекогаш може да биде „премногу“, затоа многу е важно да одделите време и да си посветите внимание на себе.

(3) raboti-koi-sekoja-zhena-mora-da-gi-napravi-za-sebe

Разговарајте со луѓето

Многу често, на работа или на некои социјални настани, не ги забележуваме луѓето со кои не сме блиски. Но, доколку се отвориме и започнеме разговор, сепак ќе сфатиме дека не сме толку различни со останатите. Сите ние се стремиме кон едно нешто, а тоа е среќата. Никогаш не се знае, можеби од обичен разговор со непознат, ќе прерасне во долготрајно пријателство.

Време без смратфон

Штетното влијание на смартфоните се одразува како на физичкото, така и на нашето ментално здравје. Поминувајте помалку време на телефоните а повеќе со семејството. Сепак, бидете пример за помладата генерација.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар