КАФЕ ПАУЗА

Летни модни трендови кои се враќаат на голема врата

Оние кои ја следат модата знаат дека трендовите постојано се враќаат. Тоа што било модерно пред десет години, денес не би го облекле ни за жива глава. Но, од друга страна, можеби за неколку години токму тие облеки ќе станат актуелни. На почетокот на новиот милениум, кога фармерките со низок струк беа најголем тренд, никој од нас не можеше да замисли дека десетина години подоцна фармерките со висок струк ќе им станат најомиленото модно парче на девојките.rnrnВо продолжение прочитајте кои модни трендови ќе бидат повторно актуелни, а чие враќање беше целосно неочекувано.rn

Тај-дај шара

rnЛетни модни трендови кои се враќаат на голема вратаrnrnИако тај-дај е интересен начин да се внесе ведрина во секојдневните модни комбинации, сепак никој не очекуваше дека овој дезен повторно ќе стане актуелен. Тај-дај е техника на фарбање која е одамна позната, но годинава на големо се враќа на модните писти. Хипи стилот од седумдесеттите години на минатиот век сѐ уште ја пишува својата приказна, па и денес ќе го гледаме во прилагодена варијанта.rn

Карго панталони

rnЛетни модни трендови кои се враќаат на голема вратаrnrnОвие вреќести панталони со многу џебови нѐ асоцираат на опуштен, гранџ изглед. Но, модните дизајнери оваа сезона покажаа дека тие можат да се искомбинираат и на еден поелегантен начин. Нема да згрешите доколку ги искомбинирате со кроп топ маичка и високи потпетици. Напротив, ќе изгледате многу урбано!rn

Бициклистички панталони

rnЛетни модни трендови кои се враќаат на голема вратаrnrnДа, панталончињата кои ги обележаа деведесеттите години на минатиот век се враќаат во полн сјај. Доколку не сте нивен најголем љубител, искористете ги за слоевито облекување. Ако некое фустанче ви се допаѓа, а е прекратко, под него облечете бициклистички шорцеви. Секако, доколку сакате да им ставите акцент на панталоните, можете да ги комбинирате со интересни маички и кошули.rn

Апостолки

rnЛетни модни трендови кои се враќаат на голема вратаrnrnАпостолките се најудобната обувка за време на летото. Но, оваа година тие добија целосна модна преобразба. Модните блогерки смело ги вметнуваат во своите модни комбинации, а сѐ почесто ги гледаме и на модните писти. Одличен спој на удобното и модерното, нели?rnrnПогледнете и која чанта е повторно во тренд летово.