Научниците откриле која храна го скратува животниот век
Здравата и урамнотежената исхрана е предуслов за добро физичко и ментално здравје. Доколку сакате да бидете поздрави, а со тоа и подолго да живеете прочитајте која храна треба што повеќе да ја избегнувате.
Многу добро е познато дека преработената храна не е здрава, а едно ново истражување објавено во списанието ЈАМА (Internal Medicine), ја поврзало со скратување на животниот век.
За потребите на истражувањето кое траело осум години, научниците ги следеле навиките за исхрана и здравје кај повеќе од 44 илјади Французи чијашто просечна возраст на почетокот на истражувањето била 58 години.
Околу 29% од внесените калории на испитаниците сочинувале преработена храна, како инстант тестенини, супи, енергетски плочки и пијалаци, пржени крилца од ресторани за брза храна…
Во текот на студијата починале 602 испитаници, најчесто како последица на рак или кардиоваскуларни болести.
Иако не е возможно да се докаже дека причината за нивната смрт е неурамнотежена исхрана, докажана е поврзаност на лошата исхрана со сите заболувања.
Прочитајте ги и овие 8 знаци кои укажуваат на долг и здрав живот.