Кога сите мистериозно ќе исчезнат од нивниот град, тинејџерите од Вест Хем мора да создадат ново општество за да преживеат
rn
Главни улоги: Кетрин Њутон, Гидеон Адлон, Шон БердиrnrnЖанр: драма, мистерија, научна фантастикаrnrnКреатор: Кристофер КејсерrnrnПремиера: 10 мај 2019rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=UJzU-b5EU9crnrnСтанува збор за мистерија што навистина ќе ве замисли. 200 тинејџери тргнуваат на екскурзија, но завршуваат назад во нивниот мал град. Но, тие брзо забележуваат дека иако сè е на своето место, од најголемите градби, до клучевите од автомобилите на нивните родители, тие географски не се наоѓаат на истата положба. Изгледа како некој да направил копија од нивниот град и да ја ставил во средина од бескрајна шума.rnrn
rnrnНа почетокот, нештата не се воопшто лоши за тинејџерите. Тие имаат храна, струја и целосна слобода. Па, затоа и ќе си го претворат целиот град во огромно игралиште. Но, за жал ова нема да потрае и тие ќе мора брзо да пораснат доколку сакаат да преживеат. Тие брзо ќе се соочат со смртоносни средби со животни, необјасниви епидемии на болести и насилство. Ќе сфатат дека воопшто не е лесно да се држи едно општество под контрола.rnrn
rnrnОваа ТВ серија поставува многу филозофски прашања и отвора многу теории за тоа што навистина се случило со децата. Тие и самите ги поставуваат овие прашања и создаваат нови теории, меѓу кои и дека се во паралелен универзум или во задгробниот живот. Но, што е вистината? Времето со сигурност ќе ни покаже! Па, ако сте расположени за мистерија што ќе ве поттикне на размислување, оваа ТВ серија е без сомнение одличен избор за вас!rnrn

