5 причини зошто не можете да ослабите
Дали строго ја следите диетата и постојано вежбате, но не гледате резултати? Доколку сте во ваква ситуација не очајувајте, туку обидете се да ги одговорите следниве 5 прашања.
1. Колку спиете?
Недостатокот од сон има влијание врз метаболизмот и може да предизвика дебелеење. Едно истражување покажало дека луѓето кои спијат 6 до 8 часа навечер, имаат најдобри резултати кога станува збор за слабеењето. Ова значи дека постои силна врска помеѓу недостатокот од сон и вишокот килограми. Иако денес луѓето се премногу зафатени и сметаат дека спиењето е трошење време, квалитетниот сон е клучен за менталното и физичкото здравје.
2. Колку кафе пиете?
Доколку сте зависни од кафе, тогаш можеби тоа е виновникот што не можете да ослабите. Кога нивото на шеќер во крвта ќе падне, нешто што се случува кога пиете кафе, телото почнува да бара храна. Во овој случај ќе почнете да јадете дури и кога не сте навистина гладни. Доколку пиете многу кафе, голема е веројатноста да јадете повеќе од потребното.
3. Колку вежбате?
Можеби ќе се изненадите, но претераното вежбање може да го забави слабеењето, односно да го забави метаболизмот. Претераната физичка активност води до зголемено лачење кортизол, естроген и тестостерон, што пак резултира со дебелеење.
4. Дали пиете минерална вода?
Не се само засладените и газираните пијалаци лоши за вашата линија. Едно истражување покажало дека јаглеродниот диоксид кој се наоѓа во киселата вода може да предизвика дебелеење. Причината е што го поттикнува лачењето на грелин – хормонот кој го предизвикува чувството на глад.
5. Дали сте под стрес?
Стресот може да има навистина штетно влијание врз организмот. Покрај тоа, тој предизвикува хормонална нерамнотежа и дебелеење. Па доколку сакате да се ослободите од вишокот килограми, научете да се справувате со стресот и најдете начин да се опуштите.
Пробајте ги и овие необични совети за слабеење кои навистина делуваат.