Голем хороскоп за месец мај
Овните ги очекуваат многу можности на љубовно и професионално поле, а Скорпиите ќе се соочат со луди емотивни предизвици. Продолжете со читање доколку сакате да откриете што ве очекува овој мај во љубовта, работата и здравјето.
Овен
Почетокот на месецот ќе ви биде исполнет со многу професионални и љубовни можности, доколку не сте веќе вљубени или вработени. Во комуникацијата сте директни, а тоа навистина им се допаѓа на многу работодавци. Дури во втората половина од месецот можете да очекувате плод од вашата работа.
Овните кои се во врска можно е да флертуваат бидејќи не се задоволни со нивниот однос. Сепак, потребно е да бидете внимателни доколку не сакате да си направите проблем. Слободните Овни ќе имаат многу прилики за вљубување, но ништо нема да им изгледа сериозно, па само ќе се забавуваат.
Многу Овни ги очекуваат големи пресврти, особено во љубовта. Финансиската состојба ќе се подобри во втората половина од мај, а потребно е да внимавате на вашите екстремитети и зглобови.
Бик
Мај ќе биде навистина поволен месец за Биковите. Ќе ја вратат контролата над работата и ќе имаат подобра соработка. Напнатоста ќе биде присутна, но мај ќе донесе помалку нервоза. Односот со партнерот ќе биде подложен на промени, особено поради меѓусебните прилагодувања. Слободните Бикови можат да очекуваат нагло вљубување во втората половина од месецот, како и започнување врска со неизвесна иднина.
Финансиската нестабилност ќе потрае, а втората половина од месецот ќе бара некакво вложување во семејството и во домот. Можно е да настанат конфликти со членовите од семејството, особено со машките. Здравјето ќе бара дополнително внимание бидејќи постојат потенцијални проблеми со жлездите и хормоните.
Близнаци
На вработените Близнаци ќе им се покаже можност за дополнителна работа, што го нагласува подобрувањето на финансиската состојба. Но на крајот од месецот можат да се појават неочекувани трошоци, па бидете внимателни. Зафатените Близнаци ќе имаат неколку напнати моменти со партнерот, а постои можност и за раскинување.
Слободните Близнаци ќе имаат прилика да започнат брза и страсна врска која ќе трае кратко. Можни се проблеми со варењето и со стомакот.
Рак
Во првата половина од мај конечно ќе имате увид колку сте постигнале на работното место и колку е тоа ценето. Реализацијата на плановите е многу блиску, а некои Ракови се подготвуваат за долго патување. Лошиот сон и стресот значително ќе влијаат на одморот. Зафатените Ракови одамна имаат проблеми во врската или бракот, а во текот на мај можна е кулминација.
Ќе треба да одлучите дали сето ова вреди и каква е иднината на самиот однос. Раковите кои се сингл не можат да најдат личност што им се допаѓа. Финансиите ќе имаат големо влијание на здравствената состојба, па забавете и не брзајте со парите.
Лав
Лавовите ги очекува нестабилен период на професионално поле. Променете ги работните навики и свртете се кон самостојноста. Не очекувајте многу аплауз бидејќи ќе треба да вложите многу труд. Потребно е да заштедите, бидејќи овој месец може да не заработите доволно.
Зафатените Лавови ги чека работа на љубовно поле и не треба да очекуваат дека ќе можат да го контролираат партнерот. За многу Лавови, токму љубовниот однос ќе биде причина за лошо здравје. Сингл Лавовите се во потрага по сериозна личност која е подготвена да се посвети.
Во текот на целиот месец ќе има можности за нови почетоци, но само за оние кои се подготвени за промена и несебичност. Можно е да се појави некое воспаление.
Девица
Девиците ги очекува навистина убав месец. Врската ќе биде стабилна, а можно е и напредување во работата. Многу Девици ќе имаат нови понуди и обврски на работното место, но тоа нема да им ја промени дневната рутина. Во врската ќе настане подлабоко поврзување, а многу Девици ќе треба да ги делат финансиите, но и најголемите стравови и страсти. Сингл Девиците ќе имаат можност за страсна врска, која сепак ќе трае кратко.
Можен е неочекуван прилив на пари кој ќе ви помогне да се ослободите од некои долгови. Влошена е состојбата на грлото, а постои можност за алергии и мали инфекции.
Вага
Уште во втората седмица од мај можете да очекувате стабилизирање на односот со партнерот. Ќе има можности за продлабочување на односот, како и за правење реални планови. Сингл Вагите можат да очекуваат личност од минатото која ќе биде и тест, но и лекција.
Во втората половина од мај можно е да платите некои заостанати долгови. Можни се проблеми со бубрезите.
Скорпија
Скорпиите ги очекува месец во кој мора да ѝ се посветат на врската. Наглите и неочекуваните ситуации со партнерот ќе бидат неизбежни, но ова значи дека атмосферата ќе стане пострасна а не постресна. Сингл Скорпиите ги очекуваат убави моменти, но не и стабилна врска.
На работата нештата ќе се одвиваат исто, а очекувајте важни вести во средината од месецот кои ќе ја променат вашата позиција и задолженија. Иако штедите, нема лесно да се ослободите од долговите. Можни се трошоци поради патување. Внимавајте на дишните органи.
Стрелец
Во првата половина од мај, Стрелците ќе бидат расположени за флертување и забава, но во втората ќе мора брзо да донесат одлука. Оние кои се во врска мора да ја зајакнат нивната самодоверба, но и да научат да му попуштаат на партнерот. Овој месец ќе треба да работите многу, но и да претрпите промени на работното место. Невработените ги очекува понуда за работа во втората половина од месецот. Важно е да штедите, дури и ако имате пари. Можна е појава на главоболки.
Јарец
Многу Јарци ќе ја прекинат долгогодишната врска, а оние кои само што ја започнале ќе се соочат со разни предизвици. Првата лекција од овој месец ќе ја научите на почетокот и ќе биде за вашите задоволства и вашиот однос кон себе.
Сингл Јарците може да запознаат некој кој ќе им отвори нови патишта. Можно е да се вљубите, но само ако сте ја научиле лекцијата од последната врска.
На работа ситуацијата ќе биде мирна, особено кај оние кои немаат намера да менуваат нешто. Среќата ќе ги следи оние кои се подготвени да ризикуваат, и тоа од 15-ти мај. Можни се проблеми со коските и ‘рбетот.
Водолија
Сите Водолии ги очекува пријатна и интимна атмосфера. Брзото и напорното темпо ќе стане навистина мирно, особено на работното место. Повеќето Водолии ќе им се посветат на домот и семејството, а интимните моменти и забавата со партнерот ќе се одвиваат помеѓу четири ѕида. Слободните Водолии ќе добијат некоја порака или повик од минатото, но тоа ќе биде краткотрајно.
Втората половина од мај може да донесе поголема напнатост на работното место, како и замор кој директно ќе влијае врз здравјето. Финансиски нема да бидете најстабилни, но не е ништо страшно. Внимавајте што и колку јадете.
Риби
Вашата потреба за натпреварување нема да престане ни во првата половина од мај. Соработниците ќе ја забележат вашата енергија, а ќе бидат привлечени и од вашиот успех. Во втората половина од месецот очекувајте нови контакти, кои само ќе го подобрат работното место. Зафатените Риби можат да очекуваат мирен однос со партнерот кој ќе сака уживање. Слободните Риби ќе имаат можност да запознаат многу нови личности со кои брзо ќе најдат заеднички јазик.
Во некој момент ќе треба да донесете одлука – дали сакате врска или само забава. Можно е неочекувано патување, и тоа поради љубов. Кажете што мислите и чувствувате, бидејќи во спротивно ве очекуваат здравствени проблеми.
Погледнете и кои хороскопски знаци оваа година ќе имаат најубаво лето.