Месечен хороскоп за март 2019-та година
Дознајте што ве очекува во љубовта, кариерата и здравјето овој март, според вашиот хороскопски знак.
Овен
Овој месец мора да поработите на личните односи со луѓето кои ви се блиски. Доколку мислите дека сè е совршено, во втората недела од месецот ќе се убедите во спротивното. Само што ќе помислите дека сè се одвива по план, некој настан ќе ве забави и ќе направи да се сомневате во многу нешта. Некои од луѓето од коишто сте очекувале поддршка ве напуштиле кога ви биле најпотребни, па сега сами морате да се соочувате со проблемите. Но, можете да најдете нов соработник за да не морате да ги преземате сите обврски.
Втората половина од месецот ќе ви ја донесе долгоочекуваната промена во љубовниот живот. Можеби сте ставиле крај на врската и сте ја барале вистинската личност, но секоја нова авантура ве разочарувала. Но штом ќе сакате да се откажете, некоја личност што сте ја запознале неодамна навистина ќе ве импресионира. Наскоро нема да можете да ги сокриете вашите емоции.
Бик
Почетокот на месецот ќе започне едноставно и лесно, но вие морате да ги комплицирате нештата. Само неколку погрешни одлуки ќе ве однесат на сосема погрешен пат. На работното место нештата не се најдобри, а секој разговор со колегите ќе го претворате во расправа. Понекогаш треба да сфатите дека не сте семоќни и да ги прифатите советите од колегите.
Во третата седмица од месецот ве очекува убаво дружење со пријателите и дури тогаш ќе можете да заборавите на проблемите од работа. За време на овие дружби можно е да запознаете и некоја нова личност која нема да ѝ одолее на вашата позитивна енергија.
Близнаци
Овој месец нема да можете да бидете мирни. После првите неколку денови, ве чекаат бурни и напорни разговори. Морате да разговарате искрено со саканата личност за тоа во која насока се движи вашата врска. Морате да вложите труд и време ако не сакате и оваа врска да пропадне.
Постојано ќе ви изгледа како да ви фалат пари, без разлика колку се обидувате да штедите. Се обидувате да најдете дополнителна работа, но сега не сте подготвени и за други обврски. Од друга страна пак, здравјето ќе биде добро, но сепак потребно е да се ослободите од некои лоши навики кои повторно станале дел од вашиот живот.
Рак
Кога сте на работа, сакате да бидете дома. Кога сте дома, не можете да одморите од многуте обврски. Немате доволно помош од блиските, но вината е и делумно ваша – самите сте сакале да ги преземете сите обврски. Ќе сфатите дека навистина ви е потребна поддршка и помош, барем за некои работи.
Можно е да се појават болки во грбот и проблеми со очите. Премногу седите на работното место, па овој недостаток од физичка активност ви предизвикува проблеми. Едноставно, овој период немате време за спорт или за рекреативни активности.
Лав
Првата недела од овој месец ви отвори врати за многу професионални можности. Доколку им се посветите, ќе ги искористите на правилен начин. Можно е да имате конкуренција, но ќе покажете колку вредите.
Кон средината на месецот можно е да отпатувате некаде, и тоа сосема непланирано. Ќе бидете со мала, одбрана група и ќе се чувствувате опуштено. Кога ќе се вратите ќе бидете полни со енергија и ќе можете да ѝ се посветите на работата.
Здравјето не ви е во најдобра состојба, но сепак сте задоволни. Кон крајот на месецот можно е да се појават некои знаци на замор, а доколку не исчезнат, консултирајте се со професионалец за потребните промени што треба да ги направите.
Девица
Овој месец подгответе се за неколку прослави и неколку родендени што дополнително ќе влијаат на вашиот буџет. Сепак, ќе имате можност да видите многу драги луѓе што не сте ги виделе со месеци. По втората недела од месецот, можно е да се случи нешто неочекувано на работа и конечно ќе имате можност да покажете колку вредите и колку знаете.
Морате да го посетите и вашиот стоматолог, иако неговата ординација е вашиот најголем страв.
Вага
Почетокот на месецот ќе ви биде напорен како и вообичаено, но некаде околу средината ве очекува одмор. Кога конечно ќе дојде, ќе се чувствувате подобро од кога било. Иако пријателите ќе сакаат да се дружите, вие ќе сакате да го поминете секој слободен момент со саканата личност или со некоја добра книга. Сепак, мора да имате неколку пријатели со кои ќе можете да излезете барем на еден час. Во спротивно, ќе останете сами.
Доколку се чувствувате подобро, не значи дека треба да престанете со вашата терапија. Најдобро е да ги следите советите на лекарот доколку не сакате да си ја влошите состојбата.
Скорпија
Првите неколку денови од месецот луѓето постојано ќе бараат нешто од вас, па ќе посакате да се сокриете од светот. Некои од нив ќе морате да избегнете, па постои можност некои пријатели да ви се налутат поради ова. Вашите сакани очекуваат премногу од вас, а вие не можете да им го кажете тоа. Не сакате ги навредите, па вашата нервоза ќе ја насочите кон саканата личност.
Ќе се чувствувате уморно и исцрпено и јасно ви е дека причината за тоа е стресот. Иако се храните здраво и се грижите за себе, постојано постои некоја грижа, а ова воопшто не ви годи. Постојано сте напнати и секој ден очекувате да се случи нешто лошо.
Стрелец
Доколку сте во долга врска, ова е совршен момент да уживате исто како и на почетокот. Со партнерот се согласувате подобро од кога било, па зошто да не го прославите тоа?
На работното место ве очекува голема промена, и тоа на крајот од месецот. На партнерот нема да му се допаѓа ова, бидејќи ќе минувате повеќе време во канцеларија. Сепак, и покрај сите проблеми што ги чувствувате, сè уште не сте го прашале лекарот за совет. Најверојатно мислите дека е од стрес, но подобро е да слушнете и второ мислење.
Јарец
Ако овој месец не ги средите несогласувањата со партнерот, можно е да ѝ дојде крај на врската. Кога проблемите ќе се насоберат, треба веднаш да најдете решение.
Самодовербата на работното место расте, а другите ќе го забележат тоа. Сепак, во втората недела од месецот можни се некои конфликти на работното место, но ништо сериозно. Бидете смирени и секогаш ќе завршувате како победник.
Водолија
Засега парите ви се најважни, но длабоко во себе знаете дека тоа е погрешно. Сепак не можете да им одолеете, па морате дури и да работите повеќе. Наскоро ќе ви биде доста и од ова и ќе сфатите дека ви недостигаат емоции и нежност. Ве очекува стабилност на работното место, но доста бурни настани во љубовниот живот. Доколку продолжите со ваквото однесување, никогаш нема да најдете мир.
Во втората декада од месецот конечно ќе се чувствувате одморено. Искористете го овој период да се одморите за идните обврски. Бидејќи во втората половина од месецот ќе бидете послободни, посветете ја на вашето здравје.
Риби
Целиот месец е одличен за нови работни можности, а од вас зависи како ќе ги искористите. Ќе посетите неколку настани со важни луѓе, па важно е добро да ги запознаете.
Доколку сте подготвени за љубовна авантура, тоа и ќе го добиете. Без разлика дали ќе станува збор за нешто кратко или за сериозна врска, втората половина од месецот е отворена за нови емотивни познанства.
Вашето здравје е совршено, а ситуацијата на работа и во љубовта ќе ви дава енергија. Сепак, не заборавајте на здравата исхрана и бидете умерени со штетните пијалаци.
Дознајте и што научија хороскопските знаци во првите месеци од 2019-та година.