3-те најпопуларни нијанси на кармин за оваа пролет

3-те најпопуларни нијанси на кармин за оваа пролет

Карминот е завршниот детаљ на секој модерен и привлечен стил. Исто така, карминот им помага на жените да се чувствуваат женствено и самоуверено. Погледнете ги 3-те нијанси на кармин кои треба да ги пробате оваа пролет.

1. Пудра розова

3-те најпопуларни нијанси на кармин за оваа пролет

Една од најпопуларните пролетни бои сега ја има и на кармините. Станува боја за „гол“ кармин со светло розов финиш, кој нема да ве остави рамнодушни. Оваа нијанса е одлична за дневно излегување. Романтичната боја ќе ви помогне да изгледате неверојатно.

2. Нежен корал

3-те најпопуларни нијанси на кармин за оваа пролет

Коралните нијанси ѝ се доближуваат на црвената, но се многу нежни и не се толку „нападни“. Ова е нијанса која можете да ја носите во секаква прилика, без разлика дали е ден или ноќ. Исто така ова е бојата на годината, па со неа секако ќе изгледате модерно и впечатливо.

3. Боја на вино

3-те најпопуларни нијанси на кармин за оваа пролет

Доколку барате кармин за вечерните излегувања кој на одличен начин ќе ви ги истакне усните, тогаш одберете боја на вино. Оваа нијанса ќе го разубави целиот ваш изглед. Покрај тоа, одлично стои на речиси секаков тен.

Погледнете и кои комбинации на бои секогаш изгледаат беспрекорно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар