Љубовен хороскоп за март 2019-та година

Љубовен хороскоп за март 2019-та година

Пред нас е и третиот месец од годината, а со него доаѓаат многу промени, предизвици и можности. Доколку ве интересира дали овој месец ќе ја сретнете вашата сродна душа или дали ќе најдете решение за проблемите во врската, астрологијата може да ви помогне да го откриете одговорот. Дознајте каков ќе биде вашиот љубовен живот овој март според вашиот хороскопски знак.

Љубовен хороскоп за март 2019-та година

Овен

На втори март Венера влегува во Водолија и ќе остане таму до 26-ти. Искористете го овој период, во кој љубовниот живот ќе ви биде навистина возбудлив.

Доколку сте во врска, научете да бидете трпеливи. Имате многу планови и барате многу од вашиот партнер, но нема потреба од брзање. Оставете ја врската да се развива со свое темпо доколку сакате да ја зачувате.

Доколку сте сингл, ова е одличен период за флерт и авантури, но не и за нешто сериозно. Ќе го привлекувате вниманието каде и да одите, но внимавајте на некој разговор кој лесно може да тргне во погрешна насока. Немојте да бидете импулсивни за да не повредите некого.

Бик

Седумгодишниот период на потенцијални промени започнува од 11-ти март. Положбата на Венера може да го зголеми вашиот љубовен апетит, но комуникацијата нема да биде најдобра. Важно е да бидете флексибилни.

Доколку сте во врска, најверојатно тоа е она вистинското. Но во текот на денот лесно може да дојде до расправи, непријатна тишина или љубомора. Во ваш интерес е да разговарате, да се прилагодите и да се обидете да ги надминете сите предизвици.

Доколку сте сингл, ќе имате голема желба за љубов. Но, можно е да го исплашите потенцијалниот партнер со вашето однесување. Добро размислете што сакате во иднина бидејќи можно е да ви се остварат желбите.

Близнаци

Бидете подготвени за измешани чувства. Неуспесите ќе ве исполнат со незадоволство, но после 26-ти март нештата ќе бидат подобри, па важно е да бидете трпеливи.

Доколку сте во врска, можно е да настанат мали проблеми со партнерот и тоа поради влијанието на вашите семејства. Тргнете го тоа настрана и посветете си се еден на друг. Избегнувајте ги саркастичните коментари и покажете му љубов на партнерот. Без сомнение тој ќе ви врати исто.

Доколку сте сами, ќе уживате во флертот, но нема да сакате ништо сериозно. Ќе чувствувате многу збунетост и вознемиреност, а дури и ако сте искрени со вашите чувства, секогаш ќе постои некоја пречка на патот.

Рак

Овој месец ќе сакате да бидете романтични, но ќе ви стане јасно дека врската не е ропство и дека партнерот има право на слобода.

Доколку сте во врска, ќе имате време да размислите за односот со партнерот и во овој момент најдобро е да ја слушате вашата интуиција. Одвојте време за разговор со партнерот, кажете што ви е потребно и работете на вашиот однос. Иако врската е квалитетна, потребно е да ја зајакнете.

Доколку сте сингл, можно е да дојде до неколку одлучувачки средби. Имајте на ум дека нештата ќе се одвиваат навистина бавно, па ќе имате доволно време да се посветите на нешто што може да биде многу убаво.

Лав

Потребно е психички да се подготвите за можните краткорочни промени, но и за оние посериозните кои ќе се случат во наредните години. Во текот на март ве очекува мирен период, но потоа следи вистинска експлозија од страст.

Доколку сте во врска потпрете се на вашиот шарм, бидејќи комуникацијата нема да биде најдобра. На полната месечина на 21-ви март може да настане вистинска позитивна промена во вашата врска, па испланирајте нешто романтично.

Доколку сте сами нема да ви недостига привлечност, но вашиот став може да ги одбие потенцијалните партнери. Овој месец ќе запознаете многу интересни луѓе, но доколку сакате да се случи нешто, потребно е да бидете трпеливи и да имате добра тактика.

Девица

Во наредните години ве очекуваат многу добри промени, но овој месец со вашиот знак владее стресниот Меркур. Сепак, благодарение на него ќе научите да ги оставите работите во минатото.

Доколку сте во врска, март е совршен период за да ѝ се посветите. Решете ги сите проблеми и направете убави планови за во иднина. Поради стресот што го чувствувате овој период можно е да се појават мали недоразбирања, но лесно ќе се справите со нив.

Доколку сте сингл, нема да бидете заинтересирани за љубов, па ќе имате поголема можност да запознаете нови пријатели наместо вашата сродна душа. Овој месец проширете ја листата со контакти бидејќи следниот месец на неа може да се најде и вистинската личност. Дотогаш само уживајте.

Вага

Можете да очекувате многу изненадувања и интересни настани со пријателите, но и во љубовта. Искористете го вашиот шарм за да запознаете што повеќе луѓе.

Доколку сте во врска, вистински ќе уживате со партнерот и ќе бидете отворени за промени и планови за иднината. Во некои моменти може да ви биде тешко да ги покажете вашите емоции, но брзо ќе го надминете тоа. Искористете ја полната месечина на 21-ви март за да ја прославите вашата љубов и да надоместите за пропуштеното.

Доколку сте слободни, овој месец постојат многу можности. Сега е време да го обновите вашиот љубовен живот и да внесете позитивни промени.

Скорпија

Овој месец ќе чувствувате напнатост во емотивниот однос, но само затоа што си допуштате премногу, а на другите ништо. Важно е да размислите како ги третирате пријателите и партнерот, бидејќи никој нема да ве поднесува многу долго.

Доколку сте во врска, во ваш интерес е да разговарате со партнерот и да ги решите проблемите. Сега не треба да го ограничувате партнерот бидејќи овој период му е потребна слобода, исто како и вам. Ова не мора да биде повод за сериозна расправија, туку за искрен разговор со кој ќе ја подобрите врската.

Ако сте сингл, ќе имате проблем да ја најдете личноста што ги исполнува вашите критериуми. Доколку можете да освоите некој, тоа нема да биде доволно и ќе треба да покажете малку повеќе сочувство, почит и толеранција. Исто така премногу наредувате и манипулирате, па овој месец променете го тоа.

Стрелец

Овој месец може да биде совршен за љубов, но само ако го следите вашето срце, а не вашиот ум. Доколку ви е потребна поддршка обратете се кај пријателите, бидејќи тие ќе знаат како да ве вратат на вистинскиот пат.

Доколку сте во врска, треба помалку да зборувате и да правите повеќе. Покажете му на партнерот колку ви значи. Сетете се низ што сте поминале заедно и како и покрај сите предизвици, тој сепак е покрај вас. Обидете се да ја ослободите врската од притисок и строги правила.

Доколку сте сингл, ќе бидете отворени и искрени за вашите чувства и нема да дозволите ништо и никој да ви застане на патот до среќата. Ќе го надминете и она што не ви дозволувало да ја сретнете вашата сродна душа.

Јарец

Овој месец ве очекуваат возбудливи настани со саканите. Добро ќе се согласувате со сите околу себе, а сè што треба да направите е да го слушате вашиот внатрешен глас.

Доколку сте во врска, март е одличен месец за комуникација со партнерот. На долгорочен план ве очекуваат добри и позитивни промени.

Доколку сте сингл, ќе бидете одличен соговорник и ќе можете да го освоите секого. Ова е ваша прилика да најдете врска што ќе ви се допадне и што ќе трае.

Водолија

Ова е одличен период за секаков емотивен однос. Сега е потребно да му се посветите на љубовниот живот како никогаш претходно.

Доколку сте во врска, можно е да се грижите за материјалната страна на вашиот однос. Можно е да преземете сериозни чекори во врска со заедничкиот живот, па дури и да купите недвижнина. Ќе настанат промени на кои ќе морате да се навикнете.

Доколку сте слободни, нема да знаете каде да ја насочите вашата енергија. Она што го сакате и за коешто зборувате може да ги исплаши вашите соговорници. Обидете се да се смирите и можеби ќе ја најдете вистинската личност. Кога добро ќе се запознаете, покажете го вашиот целосен потенцијал.

Риби

Вам ве очекува навистина интересен почеток на месецот. Љубовниот живот ќе ви цути, а ќе можете да ги остварите и сите ваши соништа.

Доколку сте во врска, ќе бидете подготвени за следниот чекор. Сега е време да почнете да живеете заедно со партнерот, или пак да стапите во брак. Можете отворено да разговарате со партнерот и да најдете заедничко решение за постоечките проблеми.

Доколку сте слободни, ќе зрачите со заводничка енергија која ќе ви донесе авантури со кои ќе го раздвижите љубовниот живот. Сепак внимавајте да не се врзувате, особено ако станува збор за несериозна личност.

Дознајте и кои хороскопски знаци ги очекува лош период овој март.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар