Уметница црта слики што ја слават мирната убавина на бесконечното море

Сподели

Уметницата Бри Брукс ја слави убавината на океанот преку нејзините неверојатни слики. Насликани на платно, нејзините дела прикажуваат големи површини вода од птичја перспектива, често придружени со брег или бродови.

Реклама

Композициите се со извонредна сина боја, а Бри обрнува особено внимание на суптилните нијанси на водата. На една слика се гледа темната боја на водата далеку од копното, но и светлосините бранови кои удираат во брегот.

Бри патувала низ светот и ги цртала овие слики за да го прикаже нејзиното искуство. Покрај тоа, нејзината инспирација зависи и од нејзиното расположение. Таа сака да го слуша опкружувањето, нешто што често не може да го прави поради вревата од луѓето и автомобилите. Нејзините слики се начин да го запомни светот како мирно место.rn

„Неодамна почнав да го цртам моето бегство од гужвата од крајбрежните градови. Во свет полн со хаос и места полни со врева, секогаш го ценев моето време поминато во природа.“

rnПродолжува на следната страница

Популарно

Може ќе ве интересира