Романтични миди фустани погодни за секоја прилика
Фустаните се неизоставен дел од гардероберот на секоја жена. Изминативе неколку сезони особено популарни се фустаните со принтови кои се идеални за секаква прилика – од дневна прошетка, па сè до ноќно излегување.
Широките миди фустани се одлични за девојките со авантуристички дух. Токму овие модели целосно го прикажуваат нивниот карактер. Она што е посебно кај овие фустани е нивната практичност и можноста за комбинирање со разни модни парчиња. Со добар капут и вистинскиот пар чевли, овој модел фустани ви даваат одлична комбинација за секакви случувања. За дневно излегување, овие фустани одлично изгледаат со чизми до глуждот и со голем капут.
Ако се одлучите за миди фустан за вечерно излегување, можете да облечете чизми над колена или едноставни чевли со високи потпетици. Доброто кај овие фустани е што можете да ги носете во која било сезона – добри се за топлите летни денови, но одлични се и за облекување во слоеви во текот на студените месеци.
Погледнете и кои се видовите фустани што секоја жена треба да ги има во својот плакар.