КАФЕ ПАУЗА

Вештачката интелигенција го „оживеа“ Салвадор Дали

Вештачката интелигенција го „оживеа“ Салвадор Дали

Од музејот „Салвадор Дали“ во американскиот град Санкт Петербург, изјавиле дека нивните посетители ќе имаат нов специјален водич – уметникот Салвадор Дали. Односно, новиот водич ќе биде негова копија направена со помош на вештачка интелигенција.rnrnВештачката интелигенција го „оживеа“ Салвадор ДалиrnrnТимот од компанијата Goodby Silverstein & Partners направил копија на славниот уметник користејќи негови снимки. На овој начин ја тренирале машината да ги имитира неговите мимики и изрази на лицето. Потоа таа слика ја ставиле на глумец со сличен изглед како уметникот и успешно го оживеале Дали 30 години по неговата смрт.rnrnНајверојатно виртуелниот Дали ќе одговара на основни прашања за него, но ќе ги коментира и настаните што се случиле по неговата смрт во 1989-та година. Идејата е целото ова искуство да биде „едукативно и надреално“, исто како и делото на Дали.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?time_continue=16&v=MZ2X-fSIPSUrnrnВо видеата во кои Дали го најавува неговото враќање, тој разговара и за неговиот близок однос со смртта, но истакнува и дека никогаш не поверувал во својата смрт.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?time_continue=28&v=Okq9zabY8rIrnrnНекои луѓе сметале дека проектот е малку морбиден, но музејот нагласил дека вештачката интелигенција е во согласност со ликот на Дали. Извршниот директор Ханк Хине изјавил дека Дали бил заинтересиран за медиумите и имал изразено чувство за неговата важност, па не би било тешко да се замисли како ужива додека се гледа во дигитална форма.