Слободно можеме да кажеме дека кафето е единствениот порок што е добар за нашето здравје. Голем број истражувања го поврзуваат кафето со намалување на ризикот од деменција, забрзување на метаболизмот и намалување на ризикот од развивање рак. Имајќи го ова на ум, како и со сè друго во животот, така и со кафето треба да се има мера, доколку сакате да ги искусите само позитивните аспекти.rnrn
rnrnПокрај здравствените придобивките, кафето ни дава и многу енергија, притоа помагајќи ни да го поминеме секој ден подобро. Но, ако не внимавате, тоа може да има и негативни ефекти на вашиот организам, па затоа во одредени ситуации подобро е да го избегнувате. На тој начин, ќе го намалите ризикот да ви биде лошо и да се чувствувате уште поуморно.rn
1. Ако кафето е претопло
rnПочекајте кафето барем малку да се олади пред да почнете да го пиете. Според новите истражувања, пиењето пијалак што е потопол од 65 степени го зголемува ризикот од рак на хранопроводот.rn
2. Ако страдате од анксиозност
rnАко се чувствувате како да сте „на работ“ по пиењето само една шолја кафе, тогаш кофеинот може негативно да влијае на вашата анксиозност. Кофеинот има стимулативно влијание на нервниот систем бидејќи поттикнува лачење на кортизол (хормон на стрес) што може да ви го зголеми чувството на тегобите и проблемите со спиење што се најизразени кај личности што патат од напад на паники и имаат социјална фобија. За да го намалите влијанието на кофеинот, обидете се да го намалите количеството на кафе што го пиете, и последната шолја кафе испијте ја најмалку 6 часа пред спиење.rn
3. Ако не сте спиеле цела ноќ
rnКафето може да ви изгледа како идеално решение доколку сте се разбудиле ненаспани, но тоа може да ви помогне само до одредена граница. Кофеинот престанува да биде ефективен ако три дена по ред сте спиеле помалку од пет часа. Причината е тоа што недостатокот на сон влијае на пад на вашите ментални способности што ниту една количина кофеин не може да ја поправи. Ако не успеете да отспиете барем 7 часа во текот на ноќта, подобро целосно прескокнете го кафето и ако навистина ви треба енергија, пробајте да дремнете 20-тина минути.rn
4. Ако сè уште не сте расонети
rnПиењето кафе во 7 часот наутро нема многу да влијае на нивото на вашата енергија. Причината е во тоа што вашите хормони на стрес се на највисоко ниво веднаш по будењето поради што и природно добивате наплив на енергија. Експертите се согласуваат дека најдоброто време за консумирање кафе е некаде помеѓу 10 и 12 часот, кога нивото на кортизол почнува да опаѓа.rnrnПогледнете ги и овие 8 неочекувани придобивки од секојдневното пиење кафе.