20 животни лекции што секој треба да ги научи пред да наполни 20 години

20 животни лекции што секој треба да ги научи пред да наполни 20 години

Сигурно мислите дека сте го сфатиле животот и знаете што сакате и што очекувате од него. Но заборавате дека дури да наполните 20 години, вашите мислења и погледи ќе се променат, и тоа не само еднаш. Овој период полека почнувате да станувате возрасна личност, а тоа може да биде застрашувачко. За полесно да ја преминете транзицијата, добро е да ги знаете овие вистини пред да наполните 20 години.

1. Одговорноста е навистина важна, но не премногу

Сè што чувствувате е емоционална реакција од вашиот мисловен процес. Ако можете да го запомнете ова, тогаш можете да запомнете дека никој не може да ве натера да се чувствувате на одреден начин. Самите ги предизвикувате вашите чувства во зависност од вашите мисли за ситуацијата. Не заборавајте го ова и кога ќе сакате да се чувствувате на одреден начин, размислете. Но ако некој ги оправдува неговите токсични постапки само затоа што не може да направи да чувствувате ништо, оставете го. Ова е манипулација и не ви е потребна.

2. Не правете ги другите премногу важни

Јасно е дека во 90% од случаите, луѓето ќе ве разочараат. Немојте да вложите сè во некого бидејќи луѓето, освен семејството, се привремени. Инвестирајте во луѓето, но поставете граници.

3. Судењето на другите жени ќе ве парализира

Кога судењето на изборите или изгледот на друга жена направило да се чувствувате подобро во врска со себе? Никогаш. Можеби мислите дека на овој начин ја зголемувате вашата самодоверба, но само испуштате негативна енергија во светот која ги нагласува вашите несигурности. Само затоа што некој е убав и успешен, не значи дека и вие не сте такви.

4. Луѓето кои мислите дека се неверојатни, најверојатно не го заслужуваат тоа

Секоја личност е различна, но длабоко во себе сите сме еднакво исплашени едни од други. Нашата основа е иста.

5. Вие сте она што сте, сè додека не сте

Лесно е да си создаде притисок да бидете посвесни, полесно да простувате и слично. Но, вашето време ќе дојде и потребно е трпение. Ќе еволуирате со темпо кое ви одговара само вам.

6. Дозволете му на тајмингот да работи

Не откажувајте се од себе. Имајте верба. Имајте трпение.

7. Дозволете си да заборавите

Секогаш кога ќе се почувствувате консумирани од некоја мисла, ситуација или личност, обидете се да се запрашате дали ќе го чувствувате истото 5 години од сега. Ако одговорот е не, заборавете.

8. Потранспарентни сте отколку што мислите

Луѓето можат да ве прочитаат како сликовница, но вие треба да ја создадете содржината

9. Ако сте гласни не значи дека имате самодоверба

Луѓето мислат дека гласноста зрачи со самодоверба. Но кога сте гласни, се гледа само вашиот напор. Го зафаќате истиот простор без разлика дали сте во центарот на вниманието или не. Самодовербата значи дека можете да го зафаќате тој простор и во тишина.

10. Кога некој ќе ви даде комплимент, заблагодарете се

Одрекувањето на комплиментот можеби изгледа скромно, но само го полни вашиот сомнеж кон себе и му дава дозвола на луѓето да размислуваат лошо за вас.

11. Деловите од себе што сакате да ги сокриете се оние коишто ќе ве ослободат

Немојте да се откажувате од нешто што ве интересира само затоа што другите не го ценат. Она што вие го имате е страст, а таа страст ќе направи вашата идеја да стане реалност.

12. Направете ваш манифест бидејќи туѓиот нема да ви одговара

Изреката на Ганди „Бидете промената што сакате да ја видите во светот“ најверојатно не ви одговара. Што ви е потребно да слушнете? Размислете и запишете го. И вашите зборови имаат моќ.

13. Не опкружувајте се со луѓе кои се постојано уморни

Изморените луѓе ќе ви го расипат расположението само затоа што ќе чувствувате како да не можете да направите ништо за нив. Не заморувајте се и вие за да им помогнете. Нема да функционира.

14. Вашето тело е како возило што сте го изнајмиле привремено

Вие не сте вашето тело. Тоа е резултат на околностите. Можете да контролирате како ќе го движите и што ќе правите со него, но не можете да контролирате како ќе го гледаат другите.

15. Размислете за селфи фотографиите

Веројатно секогаш кога објавувате селфи фотографија помислувате дека тоа е залудно. Нема потреба секојдневно да барате признание од онлајн заедницата. Од друга страна, кога се чувствувате добро и убаво, слободно споделете со остатокот од светот.

16. Не користете ја традицијата како мерка за успех

Натерајте се да бидете креативни и да преземате ризици. Имате речиси 20 години и сега сте поотпорни од кога било. Сега е време да правите грешки и да учите од нив.

17. Со прифаќањето на туѓите мислења за вас само им давате лажно право на другите

Никој освен вие нема право да одреди на кои делови од вас им е потребно подобрување.

18. Во ред е да имате очекувања од пријателите, но ако се премногу ќе станете антисоцијални

Едно е да очекувате вашите пријатели да бидат добри и да ве поддржуваат. Но ако постојано очекувате пријателите да бидат смешни, достапни и позитивни е нечовечки. Имате разни пријатели за разни цели и никој од нив нема да биде совршен. Прифатете ги онакви какви што сте.

19. Ако можете да се шегувате на ваша сметка, се движите по правиот пат

Мала победа е да можете да се смеете на себе.

20. Нема да го достигнете врвот во средно училиште

Еден ден можеби ќе ви биде драго што сте созреале подоцна. Сигурно сте мислеле дека личноста којашто сте во средно ќе го одреди вашиот живот. Но по само 3 години ќе имате целосно ново мислење за себе, нова социјална мрежа и ќе го гледате светот на поинаков начин. Ништо не е постојано, па само продолжете да се движите.

Погледнете и кои се кратките животни лекции што кога-тогаш мора да ги научите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар