15 знаци дека сте во среќна и здрава врска
Здравата и среќна врска е нешто што секој посакува да го искуси во некој момент од животот. Но како да знаете дека сте во ваква врска? Овие знаци ќе ви го покажат тоа.
1. Вашата среќа не зависи од партнерот
Без разлика дали партнерот е до вас или не, вие можете да бидете среќни. Вашата среќа доаѓа од вас и не зависите од другата личност за да бидете со добро расположение.
2. Вљубени сте, но не сте си потребни
Вие и партнерот сте вљубени, но не сте си потребни еден на друг. Не ви е потребна другата личност за да се чувствувате сакано. Наместо тоа, сакате да ја споделите љубовта што веќе ја имате. Токму ова ја прави вашата врска убава и едноставна.
3. Повеќе сакате да давате отколку да добивате
И двајцата давате многу во врската без да следите кој вложил повеќе. Давате не бидејќи чекате нешто за возврат, туку затоа што сте полни со љубов и сакате да ја споделите со партнерот.
4. Не играте игри
Во здравата врска нема лажење, изневерување, манипулирање или криење. Не си играте игри и си покажувате љубов, искреност и почит.
5. Вие сте најдобри пријатели
Заедно се смеете, заедно плачете и заедно се забавувате. Си ги споделувате најдлабоките мисли, тајни, стравови и соништа. Се разбирате и се поддржувате во сè и секогаш слушате што има да каже другиот. Кога едниот ќе падне, другиот секогаш е овде да го врати на нозе.
6. Си давате слобода да бидете свои
Во свет каде што многу луѓе се обидуваат да го променат или да го „поправат“ нивниот партнер, вие двајца си ја давате слободата да бидете свои. Се охрабрувате да бидете искрени кон себе и да бидете автентични. Се сакате за личностите коишто веќе сте.
7. Не се обидувате да се контролирате еден со друг
Иако помеѓу вас постои силна љубов и длабока врска, свесни сте дека не се поседувате и дека секој е слободен да прави што сака. Без разлика колку време сте заедно, ниту еден од вас не пробува да го контролира другиот.
8. Не сте приврзани за „среќен крај“
Иако се сакате и сакате да бидете заедно до крајот на времето, не сте приврзани за идејата „среќен крај“. Ако некогаш мора да ви се разделат патиштата нема да се повредувате, туку ќе заминете со љубов, ослободувајќи се и себеси и партнерот.
9. Вие сте си вашите „убави непријатели“
Се предизвикувате еден со друг, а понекогаш до тој степен што си ја покажувате и вашата мрачна страна. Но, ова го правите без повредување, осудување или навредување на другата личност.
10. Си давате простор
Бидејќи знаете дека за здрава врска потребни се двајца среќни возрасни, си го давате потребниот простор да бидете свои и да ги правите нештата што ги сакате. Си давате време да се обновите и да се подобрите.
11. Веднаш ги решавате конфликтите
Кога ќе се појави некој проблем, веднаш го решавате отворено и на смирен начин. Секогаш се обидувате да го подобрите вашето однесување и никогаш не се навредувате и не се заканувате.
12. Се цените еден со друг
Додека многу парови се обвинуваат и критикуваат еден со друг, вие постојано се цените и си давате признание. Се фокусирате на добрите карактеристики на другата личност и се обидувате да создадете позитивна атмосфера.
13. Не ја проектирате вашата темнина врз партнерот
Јасно ви е дека постои темнина во секого. А бидејќи знаете дека за да се справите со онаа на партнерот треба да ја разберете вашата темнина, вредно работите на себе, го оставате минатото во минатото, простувате и ги лекувате раните што останале на вас.
14. Вашата врска е бескрајна љубовна приказна
Ова е место каде што и двајцата постојано сакате да ги истражувате вашите стравови, соништа, надежи и страсти. Сакате да разберете повеќе од убавината што се крие во вашиот партнер, секојдневно се гледате во очи и се третирате како да сте најважните нешта во светот.
15. Вашата љубов ви помага да го искусите единството на животот
Вашата љубов е длабока и чиста, па ви помага и на двајцата да откриете какви личности навистина сте. Преку вашата љубов можете да го почувствувате единството на животот и се чувствувате сè поблиску и поблиску еден до друг.
Погледнете и кои се 3-те видови хемија што треба да ги почувствувате за да бидете вистински заљубени.