Корисници на Твитер ги откриваат нивните најсрамни моменти во животот
Едно од најдобрите нешта за социјалните мрежи е тоа што ни овозможуваат да се поврземе едни со други. А има ли подобар начин да бидеме ранливи од тоа да ги споделиме најнепријатните моменти од нашите животи?
Корисникот на Твитер познат како @Austin_James74 ги замолил луѓето да ги споделат нивните приказни со прашањето: „Што е најсрамното нешто што ви е има случено?“ Погледнете ги најсмешните одговори.
„Бев да земам нарачка. Како што девојката ми ја подаде храната, мојот мозок се побрка и ѝ реков: ‘Те сакам.’ Избегав од продавницата најбрзо што можев.“ – @weird_al_77
„Бев на еден медиумски настан и разговарав со една интересна дама. Кажав чудна шега за машката анатомија, таа се насмевна и си замина. Откако отидов на моето место, дамата се качи на сцената и ја претставија како новиот извршен директор…“ – @theregos
„Отидов на состанок. Од чантата на девојката излезе лебарка.“ – @aproko_doctor
„Ѝ го масирав долниот дел од грбот на една клиентка. Таа испушти гас толку гласно што скокнав и извикав: ‘Ох, ме исплаши!’ Не ми даде бакшиш.“ – @mattyfresh26
„Се измокрив во гаќи на 4-тиот роденден на другар ми бидејќи не сакав да ја откријам нашата позиција додека игравме криенка. Ме прогонува и денес. Не можам да верувам дека изгубивме бидејќи направив вирче во неговата кујна.“ – @Adam_Houlihan
„Бев на состанок за прв пат по неколку месеци. Тој ми купи пијачка. Беше ужасна и како голтнав веднаш повратив. Но успеав сè да задржав во устата и седев така 5 минути бидејќи ме фати паника.“ – @TatterTotttt
„Работев во една продавница и влезе жена со патерици што разгледуваше. Ја прашав како е, ми кажа дека е добро и тогаш ја прашав: ‘Освен ногата, така?’ Таа не ми одговори, а подоцна забележав дека има само една нога.“ – @jeffreyd
„Разнесувам пица и отидов кај една постара жена на која ѝ имам носено пици и претходно. Ѝ ја подадов пицата, а таа не ја фати. Стоев така 3 минути, чекајќи ја да посегне по неа, пред нејзиниот сопруг да ми каже дека е слепа.“ – @BrittanyPack1
„Носев чевли со високи потпетици и одев во кафетеријата на работа. Се сопнав и паднав на лицето. Толку се засрамив што се преправав дека изгубив свест, па морав да одам и во брза помош.“ – @BabyGuerl
„Кога имав 12 години татко ми влезе во тоалетот и ме виде како стојам гол на лавабото и го испитувам мојот анус во огледалото.“ – @jayduplass
„Налетав на еден познаник со кого секогаш разговарам кога ќе се сретнеме. Му посакав среќа за партијата пиво понг и тој се подаде за да го бакнам во образот. Не знаев што да направам и само го залепив мојот образ за неговиот.“ – @AshleighAmor
„Бев малку пијана и го возев мојот велосипед после состанок во малку опасен дел од Бруклин. Чувствував како да ме гледаат чудно, но си реков дека сум параноична. Но тогаш еден тип извика: ‘Еј, ти излегла градата!’ Да, мојот фустан се спуштил надолу од чантата и возев топлес.“ – @bridgetwi
„Додека излегував од бензинската забележав навистина згодно момче кое си го полнеше резервоарот со гориво. Поради некоја причина и спротивно на моето однесување, му ‘пратив’ бакнеж во воздух, а потоа го удрив автомобилот во такси.“ – @Helenreade5
„Имав 14 години и со пријателката шетавме по улица. Еден средовечен човек ни свирна од бело комбе и јас му го покажав средниот прст. Пријателката рече: ‘Тоа е татко ми.’“ – @Cassie_write
„Во увото на моето момче извикав: ‘Се чувствувам како да не носам ништо!’ Излезе дека тоа бил целосен странец и ми рече: ‘Мислам дека ѝ зборуваш напогрешната личност.’“ – @t_isfortaya