7 причини зошто луѓето се самоубиваат
Идејата за одземање на сопствениот живот може да им биде екстремна или тешка за верување на луѓето кои не биле на тоа мрачно место. Но, ако внимателно го разгледате мисловниот процес на личност која донела ваква екстремна одлука, ќе се изненадите колку всушност ќе ја сфатите.
За луѓето кои помислуваат на самоубиство, негативната стигма околу менталното здравје често им го отежнува барањето помош. Поради ова потребно е да се ослободиме од стереотипите и разговорите за менталното здравје да ги направиме нормални. Оние кои извршуваат самоубиство не го прават тоа бидејќи се себични. Исто така обидот за самоубиство не е желба за внимание. Тешкотиите на овие луѓе не значи дека се слаби и доколку ги посрамотувате за тоа дополнително им ја отежнувате ситуацијата. Важно е да ја разбереме состојбата на овие луѓе, да ја најдеме причината и да ја понудиме потребната помош и поддршка. Во продолжение погледнете ги 7-те најчести причини зошто луѓето одбираат самоубиство.
1. Губат надеж сред нивното страдање
Ако внимателно ги разгледате животите на луѓето кои извршиле самоубиство, ќе откриете дека тие живееле со многу болка и страдање кои биле причината за оваа одлука. Иако понекогаш нивните најблиски се свесни за оваа болка, често таа е прикриена од остатокот од светот. Битката на овие луѓе не е воопшто лесна и понекогаш болката е толку силна што тие губат секаква надеж. Губењето надеж е последната капка и тие мислат дека никогаш нема да им биде подобро. Па се појавува прашањето: Зошто да продолжиш да се бориш ако искрено веруваш дека се бориш за ништо? Во овие моменти овие луѓе треба да бидат потсетени на убавите нешта во нивниот живот.
2. Се справуваат со сериозна зависност
Луѓето кои се справуваат со зависност често се осудувани од другите и се третирани како да не заслужуваат сожалување. Иако линијата помеѓу поддржувањето и одобрувањето во текот на зависноста е навистина тенка, луѓето со овој проблем често се чувствуваат како да се заробени во нивните животи. Ова може да им ја земе и последната надеж што ја имале за успешно лекување. Бидејќи се соочени со верувањето дека целиот живот ќе живеат на тој начин, самоубиството им изгледа како единствена логична одлука. Ако познавате некој што има проблем со зависност, не заборавајте дека може да се излекува со професионална рехабилитација.
3. Манипулирани се од нивните внатрешни гласови од нивната психоза
Малкумина сакаат да разговараат за оваа ситуација, но тоа не значи дека од неа не страдаат многу луѓе ширум светот. Луѓето со нарушувања како шизофренијата не се справуваат само со негативноста на надворешниот свет, туку војуваат и со нивните реални внатрешни гласови кои можат да ги тераат да се самоповредуваат. Без правилна професионална нега и терапија, често е прашање на време кога овие гласови можат да чинат живот. Добрите вести се тоа што со правилната терапија, луѓето со психоза можат да живеат нормален живот. За жал, малкумина бараат помош или добиваат погрешна дијагноза. Важно е овие луѓе да се обратат кај професионалец.
4. Мислат дека им станале товар на саканите
Иако самоубиството често се гледа како себична постапка, причината може да е љубовта кон саканите. Овие луѓе сметаат дека станале товар на своите сакани. Потеклото на ова верување може да е од ментално или од физичко заболување. Тие се убедени дека отстранувањето на овој товар е најдоброто решение за нивните сакани. Навистина е тешко да ги разберете овие луѓе доколку не сте биле на нивно место, но тие се чувствуваат виновни за сите проблеми што им се случуваат на саканите.
5. Тие се жртви на малтретирање и мислат дека немаат вредност
Без сомнение малтретирањето може да предизвика сериозни физички повреди, но понекогаш се смета дека емоционалното и менталното малтретирање е уште поопасно. Нападната е менталната состојба на жртвите и тие се чувствуваат беспомошно. Со текот на времето почнуваат да мислат дека нивната вредност се намалува. Мислат дека немаат што да му понудат на светот или на саканите, или дека не ја заслужуваат туѓата помош. Во тој момент самоубиството им е единствениот спас од болката што ја чувствуваат. Можно е да се прекине овој циклус, но прво жртвата мора да се оддели од малтретирачот и да си даде простор за наново градење на животот.
6. Имаат смртоносна болест и сакаат да имаат контрола над оваа последна одлука
Неодамна се прослави дебатата за тоа дали луѓето коишто се соочени со смртоносна болест треба да имаат право да си го одземат својот живот и да му стават крај на страдањето. Идејата за самоубиство помогнато од лекар звучи навистина налудничаво, но размислете за момент. Повеќето од овие луѓе се во постојана болка. Некогаш биле здрави и полни со живот, а сега се соочени со здравје кое само се влошува и свесни се дека никогаш нема да им биде подобро. Тие се присилени да се гледаат како венеат. Во зависност од тоа каде се, овие луѓе можат да побараат професионална помош за да го завршат својот живот, или да ги земат работите во свои раце.
7. Страдаат од посттрауматско стресно растројство поради трауматичен настан од минатото
Порано ова нарушување се поврзуваше само со војниците кои се враќаа дома од битка. Но лекарите тврдат дека нарушувањето може да биде резултат на каков било трауматичен настан, како на пример сведочење на насилство или сериозна сообраќајна несреќа. Во повеќето случаи за нарушувањето е потребна професионална помош. Карактеризирано со ужасни сеќавања и огромен емоционален стрес, посттрауматското стресно растројство може да натера некој да верува дека единствениот излез е самоубиството.
Добро е да ги знаете овие начини на справување со самоубиствените мисли.