Секој ден сè повеќе се доближуваме до иднината од научно фантастичните филмови и книги. Веќе можеме да правиме органи во лабораторија, да одгледуваме животни во вештачки матки и се обидуваме да откриеме планети како Земјата. Ова се некои од најважните научни откритија изминативе неколку години и човештвото треба да биде гордо на нив.rn
1. Речиси ја искоренивме еболата
rnВо 2016-та година, Агенцијата за здравство од Канада заедно со една фармацевтска компанија создаде вакцина против еболата. Светската здравствена организација смета дека ефективноста на вакцината варира од 75% до 100%. За прв пат во 40 години правилата се променија и луѓето се посилни од вирусот.rn
2. Стигнавме до Плутон
rnМисијата на НАСА позната како „Нови хоризонти“ започна во 2006-та година кога Плутон сè уште го сметавме за планета. На леталото „Нови хоризонти“ му беа потребни 9 години да ја стигне својата цел и да ги направи првите фотографии во боја од Плутон и неговата најголема месечина. Веќе нема неистражени планети во Сончевиот систем.rn
3. Заменивме делови од ДНК
rnТим од кинески и американски научници продолжува со истражувањата за алатката за менување гени позната како CRISPR-Cas9. Ова им овозможува на луѓето да отстранат непотребен дел од ДНК-та, да го заменат и да го менуваат. Речиси имаме можност да го модифицираме геномот на луѓето. Ова би требало да им помогне на лекарите да се справат со болестите кои предизвикуваат промени во гените.rn
4. Најдени се остатоци од древни луѓе
rnВо 2013-та година професорот Ли Бергер организирал експедиција до пештерите Диналеди и открил 1.500 древни фосили. По испитување на остатоците од древните луѓе познати како хомо наледи, се дошло до заклучок дека ова се најстарите припадници на човечката раса. Живееле пред околу 2-3 милиони години.rn
5. Испечатено е ткиво што може да спасува живи клетки
rnИстражувачите од Институтот „Wake Forest“ развиле метод за печатење живо ткиво. Клетките биле поставувани на местото на мастило и печатачот бил програмиран да ги печати по одреден ред. Претходно употребата на оваа технологија беше вистински предизвик бидејќи клетките умирале поради недостаток од кислород и хранливи материи. Овој изум ќе им помогне на научниците да „одгледуваат“ екстремитети и внатрешни органи во иднина.rn
6. Создадовме антибиотик против бактеријата што е отпорна на речиси сите лекови
rnИстражувачите направиле направа што може да биде поставена во земјата и да им овозможува на бактериите да живеат во нивното природно опкружување. Една од супстанциите што ја создале овие бактерии се покажала како навистина ефикасна против повеќето бактерии отпорни на други антибиотици. Оваа супстанца ги убива бактериите така што ги распаѓа нивните клеточни ѕидови.
Продолжува на следната страница…

