Есенска инспирација: Како да ги комбинирате дуксерите во склад со вашиот стил?

Сподели

Ако најважна ви е удобноста, тогаш дуксерите се совршениот избор за вас за претстојната сезона. Тие не се одлични за носење само додека се одморате во вашиот дом. Нема потреба да ги ограничувате вашите модни комбинации за на работа или факултет со јакни и монотони сакоа. Ова парче облека одамна стана дел од секојдневниот изглед и можете да го комбинирате на безброј начини со здолништа, фармерки, панталони и тексас елементи. Уличниот стил на познатите дами, како Џенифер Лопез и Пенелопе Круз, може да ви покаже како да го комбинирате ова удобно парче облека во склад со вашиот стил, без разлика дали е спортски, елегантен, ретро или пак рокерски.rn

Реклама

1. Џенифер Лопез

rnОдлична комбинација за дамите со спортско-елегантен стил. Ако одберете еднобоен дуксер, панталоните можат да бидат и шарени.rn

2. Пенелопе Круз

rnЕдноставниот бел дуксер може да изгледа навистина шик и елегантно. Бидејќи дуксерот е во една боја, одлично стои со панталоните со линии.rn

3. Џиџи Хадид

rnМладата манекенка докажа дека дуксерите одлично стојат и со фармерки. Нејзиниот ретро младешки изглед е одличен за почетокот на новата учебна година.rn

4. Гвен Стефани

rnМладешкиот дуксер изгледа одлично со фармерки и јак кармин без кој Гвен не го напушта нејзиниот дом.rn

5. Џоан Смолс

rnМанекенката Џоан направила слична комбинација како и Гвен Стефани, само со пуштена коса и жолти очила за сонце.rn

6. Алесандра Амбросио

rnБразилската манекенка ја пронашла совршената рамнотежа помеѓу елегантниот и рок стилот. Одлично го комбинирала црниот дуксер со елегантно бело здолниште и црна чанта.

Пробајте ги и овие лежерни викенд комбинации за сите пригоди.

Популарно

Може ќе ве интересира