12-те видови луѓе што ќе ги сретнете на секој пивски фестивал

12-те видови луѓе што ќе ги сретнете на секој пивски фестивал

Оваа сезона фестивалите на пивото се неизбежен дел од нашите животи. Можеби не се сите добри, но секогаш е подобро да отидете, отколку да не се напиете пиво воопшто. Штом ќе посетите неколку вакви фестивали, ќе забележите дека истите видови луѓе постојано се појавуваат. Па, погледнете кои се најчестите посетители на речиси сите фестивали за пиво.

12-те видови луѓе што ќе ги сретнете на секој фестивал на пивото

1. Луѓето возбудени за пиварата што сè уште не постои

Овие луѓе веројатно ќе ве прашаат дали сте го забележале логото на некоја непостоечка пивара. Иако отворањето е закажано дури за 2020-та година, тие се возбудени уште од сега.

2. Фалбаџија

Без разлика колку е добро пивото, оваа личност пробала „подобра верзија“ што сигурно не е достапна на овој фестивал. Дури и да кажете дека и вие сте го пробале тоа пиво, ќе ве информираат дека тие го пробале пред вас и дека било посвежо.

3. Човекот што никогаш не научил да се движи во толпа

Оваа личност или е заробена и го блокира целиот „сообраќај“, или минува без да размислува за другите и ги валка сите со неговото пиво. Неговите вештини никогаш нема да се подобрат.

4. Човекот што знае дека ја има најдобрата брада

Неговата брада е неверојатна, добро одржана и блескава, па слободно гледајте во неа. Сигурно ќе ја забележите и тивката самодоверба на неговото лице. Овој човек знае нешта. Овој човек видел сè.

12-те видови луѓе што ќе ги сретнете на секој фестивал на пивото

5. Критичар

Едноставно не е нормално цел ден да коментирате вкусови и различни видови пиво.

6. Оригиналниот посетител

Оваа личност доаѓала на фестивалот уште додека тој бил илегален собир од 10-тина момци. Носи навистина стара маичка од некоја пивара која поминала низ 1.000 перења, но сè уште изгледа совршено. Оваа личност ги има најдобрите приказни.

7. Песимист

Оваа личност ги знае и ги има пробано сите пива што се нудат на фестивалот и целосно е подготвен за негативни критики. Нему му се допаднало само некое пиво во неименувана пивница што го пиел пред многу години.

8. Фан на пиварата

Оваа личност разговара со сопственикот или вработениот во пиварата како да е негов најдобар пријател. Се разбира, зад него има цела редица луѓе кои чекаат да дојдат на ред.

9. Нов посетител

Оваа личност најверојатно ќе си замине порано, ќе заборави да јаде и ќе има незгодна ситуација во тоалетот.

12-те видови луѓе што ќе ги сретнете на секој фестивал на пивото

10. Родители кои успеале да најдат дадилка

Нивното дете има околу една година. Имаат само пет часа слободни за пиење и пијат како пивото да е при крај. Навистина ќе го мразат утрешниот ден.

11. Оптимист

Оваа личност има само една критика за сите пива: Прекрасно е!

12. Личноста што се жали

На некој начин оваа личност поверувала дека само тој и неговите пријатели ќе присуствуваат на фестивалот. Навистина не сака да чека во редици.

Погледнете и некои од најневеројатните фестивали што се прославуваат ширум светот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар