Како нашиот Блаже Аризанов од струмичко с. Борисово, стана милионер во Индија?

Како нашиот Блаже Аризанов направи милиони поддржувајќи го сексот пред брак во религиозната Индија?

„Белиот трофеј“ е автобиографија на Блаже Аризанов, млад претприемач и автор, роден во сиромашно семејство во струмичкото село Борисово, кој во 2011 заминува во Индија и по 4 години ја основа компанијата „Stay Uncle“ (Стеј Анкл). Таа претставува онлајн агрегатор за хотели за краток љубовен престој на млади парови.

Како нашиот Блаже Аризанов од струмичко с. Борисово, стана милионер во Индија?

И покрај тоа што компанијата ја стартува во премногу религиозната и традиционална Индија, во која сексот пред брак и отворените врски се сè уште табу тема, таа за кратко време предизвикува вистинска револуција во древната земја, заборавена од времето, благодарение на радикалните маркетинг-методи на Блаже и неговото предизвикување на традиционалните индиски вредности. Тој заедно со неговиот партнер Санчит, со кого разлутиле многумина религиозни фанатици (меѓу кои и локалните полицајци), тестирале како би заработиле пари без вложен денар и без промоција на социјални мрежи.

Како нашиот Блаже Аризанов од струмичко с. Борисово, стана милионер во Индија?

Блаже и Санчит со мисија да го сменат животот на младите во Индија

Тие го допираат дното, за да му се насладуваат на почетокот на врвот! Ако сè уште не сте ја прочитале, топло ви препорачуваме да се запознаете со брутално суровата вистина на Блаже. Епска приказна од којашто на моменти ќе се смеете на цел глас, а во други ќе се расплачете или соживеете со маките на Блаже. Приказна, која повеќето луѓе од Македонија, не би имале храброст да ја објават, а која ќе ви покаже дека сепак има светлина на крајот од тунелот.

Stay Uncle“ беше прогласена за едно од топ 50-те нешта кои ѝ се имаат случено на Индија во 2017 година, а во март, 2018, Форбс Индија ја посочува компанијата како една од 9-те најпросперитетни компании за оваа година. „Белиот трофеј“ којашто го опишува патешествието на Баже со стартапот во Индија, е веќе втора најчитана книга на книжарница „Три“ за ова лето.

Блаже Аризанов Белиот Трофеј

Запознајте го целиот денешен тим којшто стои зад „Stay Uncle“

1. Повеќето Македонци коишто добро заработуваат надвор од државава, се враќаат дома со Мерцедес или BMW. Ти не се обидуваш да докажеш нешто или да импресионираш некого. Наместо тоа, напиша книга за да ја пренесеш твојата порака. Зошто?

Мерцедесите се типична балканска особина на задоволување на ситното его. И ние како и Индијците сме јужњачки народ, колку појужен, толку повеќе тежнееме кон инстант задоволства. Нè водат мачизмот и емотивноста, а помалку рационалноста и долгорочната стратегија. Зарем е случајност тоа што најразвиените земји се наоѓаат во северната хемисфера, во подрачја со ограничени географски ресурси?! Се гледам себеси како претприемач-автор, на секој претприемач му е потребна платформа, а најдобриот начин таа да биде етаблирана е преку мисловно лидерство.

Како нашиот Блаже Аризанов од струмичко с. Борисово, стана милионер во Индија?

2. На „Белиот трофеј“ секојдневно ѝ расте популарноста. Како македонските читатели ја прифаќаат? Дали можеме да очекуваме уште книги од тебе понатака или можеби второ продолжение на „Белиот Трофеј“?

Белиот трофеј е своевиден феномен во македонскиот етер и дефинитивно ќе има продолжување на приказната. Секојдневно добивам пораки од читатели кои со солзи ја почнале и со радост ја завршиле, запрепастени што некој можел да помине низ такви околности, да се издигне над нив и да изгради милионски бизнис.

Како нашиот Блаже Аризанов од струмичко с. Борисово, стана милионер во Индија?

3. Зошто баш Индија беше твојата дестинација за бизнис и живеење? Дали сметаш дека пресудниот момент за (не)успехот на еден бизнис модел, е интуицијата? Дали сметаш дека твојата одлучност, упорност и жилавост, се чиста случајност во дадените околности или извлече лекција од сето тоа искуство, којашто планираш да ја применуваш до крајот на животот?

Немав некој конкретен мегаплан во моментот кога се најдов во Индија. Едноставно знаев дека ми фалат компетенции, а за ги развијам ми фалеа предизвици и конкретни можности да учам. Во огромната брзорастечка економија во Индија ги има многу, и покрај тоа што не се најдобро платени. Огромно искуство е да се оперира и живее во земја каде толку многу култури и националности се судираат секојдневно, секој со свој образец и постојано да изнаоѓаат начини да најдат заеднички јазик.

Како нашиот Блаже Аризанов од струмичко с. Борисово, стана милионер во Индија?

Индија ме научи на толеранција, внимателност и на релативност, на сознанието дека ништо не е вечно, дека денес победуваш, а утре губиш, наспроти строгиот апсолутистички начин на кој сме воспитани ние луѓето од Западот. Не сум некој голем гениј или различен од останатите, едноставно сум само подобар во филтрирање на гужвата и насочување кон она што е навистина важно за својот личен развој. Случајности ни се случуваат секојдневно и мене и останатите, но само еден мал дел успева да ги препознае и филтрира во гужвата од тривијалности наоколу, а пак уште помал дел има сочувано доволно енергија да реагира во однос на нив.

Како нашиот Блаже Аризанов од струмичко с. Борисово, стана милионер во Индија?

4. Имаш успешен бизнис во втората најнаселена земја во светот, каде што младите имаат голем сексуален апетит, но поради религијата не смеат да ја истакнуваат својата сексуалност јавно. Што би направил доколку денес треба да почнеш пак од нула?

Ако бев пак во Индија и би бил приморан да почнам од нула? Би се сторил полугол саду седнат со скрстени нозе на дрвена подлога носена од четворица, небаре сум свето лице. Ја имам фацата, знам да изговорам свети мантри на Санскрит, одма ќе почнам да ширам благослови по улиците и да прифаќам пари за здравје, за да фати благословот.

Како нашиот Блаже Аризанов од струмичко с. Борисово, стана милионер во Индија?

5. Кажи ни што читаш ти во слободно време? Какви книги те инспирираат, мотивираат и туркаат напред?

Од принцип одбегнувам литература која советува, која се бави со дефинитивни заклучоци и наместо тоа се фокусирам кон наративна литература, која образложува и остава на твоите мисловни процеси да те однесат каде и да е. Деновиве ја читам автобиографијата на Киро Глигоров „Македонија е сè што имаме“ за која сметам дека го крие клучот кон тоа да формирам конечен став и разбирање на политичко-економската ситуација на нашиве простори. Консумирам огромна количина на литература, претежно бизнис, бизнис биографии и слично, но и од областа на маркетингот, новинарството и комуникологијата, воопшто.

Интервјуто продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар