Каква карма ве очекува периодов? Одберете една карта и дознајте!
Одвојте еден момент, фокусирајте се и поставете си го прашањето: „Каква карма ме очекува во следниов период?“ Потоа едноставно одберете ја картата што најмногу ве привлекува и прочитајте го одговорот на прашањето во продолжение.
Карта број 1
Некои луѓе паничат кога ќе настане хаос околу нив и се чувствуваат како животот да им е надвор од контрола, додека другите едноставно ги пречекуваат сите промени со отворени раце и го прифаќаат начинот на којшто тие им ги менуваат животите.
Токму во овој момент и вам ви се случуваат овие промени, чија цел е да ве насочат на вистинскиот пат. Па, наместо да кревате паника и да мислите дека сте ги испуштиле нештата од ваша контрола, сменете го ставот и гледајте на овие ситуации како дарови за подобро утре.
Карта број 2
Среќниот и радосен живот може да се постигне само ако имате реалистични очекувања од себе, но и од другите. Треба да се обидете да не ги контролирате луѓето, да не им вршите притисок ниту пак да ги терате да размислуваат на начин што не е природен за нив.
Време е да направите внатрешна самопроценка и да откриете какви се всушност вашите очекувања од другите. Бидете искрени со себе и запрашајте се да не случајно барате премногу од нив. Кога ќе ја дознаете вистината, сите односи со луѓето околу вас ќе ви се подобрат.
Карта број 3
Сите сме способни да создаваме магија во сопствениот живот и се движиме по планетата со уникатни вештини, знаења и природна склоност да бидеме успешни во нашите настојувања. Но, треба да бидете свесни за овие нешта доколку сакате да ги искористите.
Па, ако не ви се допаѓа насоката во која се движите, сменете ја! Вие отсекогаш сте ја имале оваа моќ, само треба да најдете начин како да допрете до неа и да ја извлечете надвор од себе. Посветете си повеќе на себе и спознајте се во целост.