Неверојатен систем за транспорт што се движи врз сообраќајот
Најголемиот проблем во сите големи градови е сообраќајниот метеж. Dahir Insaat е турска компанија специјализирана за иновативни инженерски решенија. Тие веруваат дека системите за транспорт на второ ниво можат да го решат проблемот со метежот.
Тие развиле универзален транспортен систем што може да се вметне во сегашната урбана инфраструктура. Користејќи шест подвижни поддршки кои се движат на шините, транспортниот систем се движи веднаш над сообраќајот. Секоја поддршка може да се движи независно и може да се отстранува во случај на несреќи и други пречки на патот. Покрај тоа овој систем може да се спушти доколку има тунел или мост, па е функционален и за градовите со густа урбана средина.
Од компанијата направиле патент на овие возила кои се целосно електрични и се напојуваат преку соларните панели на покривот. Но ова е само почетокот. Компанијата дизајнирала и возила со една шина коишто можат да балансираат на едно тркало. Овие шини можат да бидат поставени на плоштади и нема да го попречуваат движењето на пешаците.
Истата компанија стои и зад концептот летачки воз – транспорт систем на второ ниво кој е хибрид од воз и авион и се движи на една шина. Компанијата го претставила и концептот „пазар за возење“.
„Ова е продавница каде што потрошувачите можат да купуваат без да ги напуштат нивните возила.“
Овој пристап е одличен за потрошувачите што немаат време да лутаат низ огромните супермаркети. Концептот работи на тој начин што потрошувачите се паркираат веднаш до подвижните оддели. Секој оддел содржи продукти од одредена група. За да се намали времето за барање на продуктот, селекцијата е навистина строга. Кога потрошувачот ќе ги одбере саканите продукти, ги става на подвижната лента за транспорт.
Дали сте слушнале за електричниот автопат во Шведска што ги полни автомобилите?