Чоколадна фантазија од само 4 состојки што ќе ве освежи за време на летните горештини

Чоколадна фантазија од само 4 состојки што ќе ве освежи за време на летните горештини

Чоколаден десерт од летните соништа

Потребни состојки:
  • 100 грама темно чоколадо
  • 70 милилитри млеко
  • 3 лажици мед
  • 150 грама грчки јогурт
Начин на подготовка:

Загрејте го млекото во тенџере, па прелијте го преку исечканото чоколадо. Оставете да отстои една минута, а потоа добро промешајте. Додајте го и медот, па повторно промешајте и оставете ја смесата да се олади.

Омекнете го грчкиот јогурт со мешање, па додајте го во оладениот крем од чоколадо. Измешајте добро, па ставете го десертот во фрижидер до послужување. Декорирајте со (ледено) овошје по ваша желба. Добар апетит!

Дополнителен совет: Можете да ја збогатите чоколадната крема со ликер од портокал или да ја направите верзијата со бело чоколадо и да послужите заедно со кокосови лисја и маракуја.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар