Овие знаци во неговото однесување откриваат дали (и колку) му се допаѓате

Овие знаци во неговото однесување откриваат дали (и колку) му се допаѓате

Ако се обидете да прогуглате „знаци дали тој е заљубен во вас?“, веројатно нема да го дознаете тоа што е ви е навистина потребно. Повеќето нешта коишто се набројани во ваквите статии не ја опишуваат љубовта. Тоа се знаци дека тој према вас чувствува некаква приврзаност, страст или симпатии, но тоа не мора да значи и дека вистински ве сака.

Овие знаци во неговото однесување откриваат дали (и колку) му се допаѓате

Па доколку се прашувате кое е вашето место во неговото срце, прочитајте ја следната анализа со знаци, коишто ја откриваат разликата помеѓу учтивост, симпатија, егоизам и љубов.

Знаци дека е само пристојна личност

Ова се вообичаени работи коишто ги прават сите нормални луѓе, а треба да ги правите и вие дури и со непознати личности. Тие не укажуваат на тоа дека му се допаѓате, туку дека едноставно сака само да биде културен и учтив со вас.

  • Одржува контакт со очи кога зборувате со него.
  • Не ве прекинува кога му кажувате нешто.
  • Тој може дури и да се смешка и да изгледа заинтересирано додека му се обраќате.
  • Реагира соодветно на она што му го кажувате, на пример ако му кажете дека вашата тетка починала, тој ви изразува искрено сочувство.
  • Ви ја придржува вратата за да не ве удри по лице.
  • Се понудува да ви придржи нешто, кога рацете ви се полни.
  • Не прави ништо за намерно да ве онерасположи.

Ниеден од овие знаци, не укажува на тоа дека на некој му се допаѓате. Ова е само нормално човечко однесување.

Знаци дека му се допаѓате, но само во културна смисла на зборот

Тој е друштвена личност, а веројатно сте и вие и нема ништо повеќе од тоа. Еве кои се знаците дека имате убав, пријателски однос.

  • Ве прашува дали сакате нешто да ви купи, кога оди низ маало да си купи кафе.
  • Тој можеби ќе ги прифати, а можеби и нема да ги прифати парите коишто ќе му ги понудите.
  • Ви возвраќа на пропуштените повици навремено.
  • Ве прашува како сте го поминале викендот.
  • Ве прашува дали сакате да се прошетате некаде.
  • Не ве откачува без причина.
  • Ве засмева, а и вие него.
  • Ви дава комплименти.

И покрај тоа што овие знаци може да ве насочат да мислите дека му се допаѓате, сепак ова не се знаци на романтична љубов.

Знаци дека се грижи за вас

И покрај тоа што ова се доста позитивни знаци дека му се допаѓате, сепак тие не мора да индицираат дека тој е заљубен во вас и сака да бидете нешто повеќе од пријатели.

Овие знаци во неговото однесување откриваат дали (и колку) му се допаѓате

1. Забележува дека храната којашто сте ја нарачале во ресторанот пред половина час, сѐ уште не ви е послужена, па го прашува келнерот за нарачката, во ваше име.

2. Се обидува да ве убеди дека умреното маче коешто го одминавте покрај патот не било маче, туку птица, бидејќи знае дека сте голем љубител на мачки и ако ви ја каже вистината, тоа може да го уништи вашиот ден.

3. Кога ќе му кажете дека вашата прекрасна баба починала, тој ќе знае дали ви е потребна утешителна прегратка и ако ви е потребна, ќе ве прегрне силно. Потоа и ќе дојде со вас на нејзиниот погреб или после некое време ќе ве праша повеќе пати, како се држите.

4. Тој знае да се грижи за себе, па неговата емоционална состојба никогаш не зависи од вашата.

5. Тој има доволно љубов во срцето и умее да се сака и себеси, па никогаш не се потпира на вас за да ги остварите потребите на неговата самодоверба.

6. Вложува во сопствениот раст и развој и ви остава простор и вам да го сторите истото, без да ви поставува никави пречки, да ви покажува лутина или да очекува нешто.

7. Ве почитува како индивидуална личност, без разлика дали тој има трајна улога во вашиот живот, а и вие подеднакво исто го цените.

8. Ве почитува во секоја смисла на зборот.

9. Тој не ви ги „истура“ неговите емоционални потреби на вас, особено не во облик на двосмислени побарувања, искажување гнев, потценување или пасивно-агресивно однесување.

10. Не ве обврзува постојано да го поминувате слободното време заедно.

Знаци дека си сака само самиот себе

Не само што не се грижи за вас, туку сè што „прави за вас“ е во суштина само за негово добро. Ваквите мажи најчесто се штетни за вас, бидејќи се себични и не се емпатични со другите луѓе.

1. Неговата наклонетост кон вас е базирана на некој негов недостаток. Така на пример, често ви кажува реченици од типот: „Ти ме правиш комплетна личност“ или „Ми значиш сѐ на светов“.

2. Тие се преокупирани со тоа како вие се чувствувате во врска со нив и како да го „подобрат“ тоа, односно да ве изманипулираат.

3. Ви дава комплименти само за работи од коишто и тој има бенефит, на пример за вашата физичка убавина.

4. Прави фини нешта за вас, но потоа бараат да му бидете благодарни за истите и се жали дека не го цените доволно.

5. Неговиот пристап кон љубовта подразбира огромна желба за безбедност, удобност и монотонија. Остава само минимален простор за раст или промени, бидејќи тоа го плаши.

6. На него му е потребна постојана потврда и докажување на вашата љубов.

7. Тој ги спречува промените или ги прифаќа само на начин којшто е соодветен на неговиот имиџ, очекувања и замисла за тоа што е „прифатливо и правилно“.

Знаци дека тој се сака себеси на здрав начин

…а тоа е неопходен предуслов да може да сака и некој друг.

1. Тој не очекува од вас постојано да му кажувате и докажувате дека го сакате, бидејќи го знае тоа.

2. Тој се грижи за неговите лични емоционални потреби и не се потпира на вас да ги задоволите наместо тој самиот да го стори тоа.

3. Тој разбира дека самиот е одговорен за сопствените емоции, реакции и искуства.

4. Тој на природен, внатрешен начин ја гради неговата самодоверба и не бара од другите луѓе да се прилагодат на неговите очекувања од нив.

5. Тој е емотивно стабилна и зрела личност.

6. Неговата енергија не ве исцрпува, тој не очекува од вас постојана емоционална поддршка и внимание.

7. Тој не им дава љубов на другите, само со цел да го прикрие неговиот недостаток од љубов кон сам себе. Напротив, тој се сака сам себе и поради тоа е способен искрено да ги сака и другите луѓе.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар